Методолошко објаснување за соопштението:
Живородени деца, умрени лица и миграции според градски и селски подрачја и по региони
Врз основа на податоците за живородените, умрените лица и миграциите, дистрибуирани според градско и селско подрачје, на ниво НТЕС 3 (8 статистички региони), се овозможува следење на определени демографски, економски, социјални и други белези.
Опфат
Статистиката на раѓања ги опфаќа живородените и мртвородените деца, а статистиката на умрените сите случаи на смрт.
Статистиката на миграциите ги опфаќа лицата кои се преселуваат во рамките на Република Македонија (внатрешни миграции), од Република Македонија во други држави и лица кои доаѓаат од други држави во Република Македонија (надворешни миграции).
Извештајни единици
Извештајни единици - се матичните служби кои ги водат матичните книги на родени и умрени, согласно Законот за матична евиденција - Управа за водење на матичните книги- орган во состав на Министерството за правда.
Извор на податоците за преселување на населението (миграции на населението) се сите податоци од пријавите - одјавите за доселено - отселено лице кои се добиваат од подрачните единици на Министерството за внатрешни работи на Република Македонија.
Дефиници
Живородено дете - живораѓање е комплетно исфрлање или вадење на производот на зачетокот од телото на мајката, независно од траењето на бременоста, кој по тоа одвојување дише или покажува други знаци на живот како отчукувања на срцето, пулсирање на попочната врвца, или јасни движења на вољните мускули, без разлика дали папочната врвца била пресечена или плацентата е поврзана.
Умрено лице e секое живородено лице кај кое настанало траен престанок на сите витални функции.
Умрено доенче е дете кое умрело пред да ја наврши првата година од животот.
Природен прираст на населението - разлика помеѓу бројот на живородените деца и бројот на умрените лица за определен временски период.
Просечна возраст на мајката при вкупен број раѓање - овој показател ја дава просечната возраст на мајката при раѓање на детето (вкупниот број на живородени деца), односно колку години просечно има мајката при раѓањето во набљудуваната година.
Просечна возраст на мајката при прво раѓање - овој показател ја дава просечната возраст на мајката при првото раѓање на детето (живородени први деца), односно колку години просечно има мајката при раѓањето на првото дете во набљудуваната година.
Просечна возраст на умрените лица - овој показател ја дава просечната возраст на умрените лица, односно колку години просечно имале починатите во набљудуваната година (календарска година) на одредено подарчје.
Внатрешни миграции - ги опфаќаат промените на местото на живеење во рамките на Република Македонија.
Надворешни миграции - ги опфаќаат движењата на граѓаните на Република Македонија од Република Македонија во друга држава и обратно, како и движењето на странците.
Салдо на миграции на населението претставува разлика помеѓу бројот на доселени и бројот на отселени на одредено подрачје или држава во одреден период.
Граѓаните на Република Македонија се лица со македонско државјанство и регистрирани со место на постојано и / или привремено живеалиште /престојувалиште во Македонија.
Граѓаните на Република Македонија, го сочинуваат жителите на Македонија, кои се лица со македонско државјанство, и се сметаат како население на Македонија.
Странец е
- Лица со странско државјанство и дозвола за постојан или привремен престој во Република Македонија,
- Лица со странско државјанство и валидна дозвола за работа или бизнис виза, кои имаат регистрирано за привремен престој во Република Македонија,
- Лица без основана државјанство или без државјанство, кои имаат регистрирано постојан или привремен престој во Република Македонија
Последно ажурирање:
11.02.2011
|