+A   |  -A
ïïï: 9199 | âââ: 112959
Skip Navigation LinksНасловна Статистики по области Методолошки објаснувања

Методолошко објаснување за соопштението:


Биланс на нафта


Извор на податоци

Извори на податоци за годишното соопштение за нафта се: месечните извештаи за енергија, Ене.6, Ене.7, Ене.10, Ене.12, Ене.13; годишните извештаи за енергија, Ене.56, Ене.57, Ене.60, Ене.62, Ене.63, Годишниот извештај за шумарство, Годишниот извештај за земјоделство, Статистика на надворешна трговија, Процена на потрошувачката во домаќинствата по видови енергенти.

Опфат на податоците

При прибирањето на податоците од извештајните единици се користи методот на целосен опфат (за деловните субјекти кои вршат производство) и по пат на примерок (за деловните субјекти коишто се потрошувачи).

Дефиниции

За дефинирање на категориите во билансната шема користен е Годишниот прашалник за нафта, 2009 на Eurostat, ECE/UN i IEA/OECD.

Моторен бензин = безоловен моторен бензин + оловен моторен бензин + авионски бензин

Керозини, млазни горива = млазни горива + керозин + друг керозин

Дизел и гориво за ложење = дизел за транспорт + масло (нафта) за ложење (екстра лесно)

Други нафтени продукти = рафинериски гас + бел и индустриски шпиритус + средства за подмачкување (масла и мазива) + битумен + парафински восок + други нафтени продукти

Увозот/Извозот е количина која е внесена/изнесена во/од националната територија.

Енергија за енергетски трансформации претставува нафтени продукти потрошени за добивање на други облици на енергија (топлинска и електрична енергија).

Термоцентрали се постројки за производство на електрична енергија.

Индустриски топлани (енергани) се комбинирани постројки кои произведуваат топлинска и електрична енергија.

Комбинирани електрани се комбинирани постројки кои произведуваат топлинска и електрична енергија наменета исклучиво за продажба.

Јавни и индустриски котлари се постројки за производство на топлинска енергија (која се троши во јавниот и во останатите сектори).

Размена претставува трансфер на произведените нафтени продукти за понатамошно производство.

Расположливо за финална потрошувачка се нафтените продукти на располагање на крајните корисници.

Статистичка разлика = Расположливо за финална потрошувачка - Финална неенергетска потрошувачка - Финална енергетска потрошувачка.

Расположливи нафтени продукти = Вкупно потребни + Производството на трансформирани + Размена

Метод на пресметка

Во пресметката на одделните биланси на нафта и нафтени продукти (вкупно, по месеци), користена е методологијата “Energy Statistics Methodology Eurostat F4, 1998”.

Класификации

Во распределбата на финалната потрошувачка на нафтените продукти користена е Националната класификација на дејностите ("Службен весник на Република Македонија" бр. 09/2006).



Последно ажурирање: 08.02.2011

 
  

  Соопштенија
 
 
  Последно соопштение



© Државен завод за статистика