Методолошко објаснување за соопштението:
Деловни тенденции во трговијата на мало
Цел на истражувањето
Основна цел на истражувањето за деловните тенденции во трговијата на мало е да се добијат брзи податоци за сегашната состојба и очекуваните движења на главните економски показатели кај деловните субјекти, а со тоа и во посебните оддели на дејности од НКД и трговијата на мало во целина.
Овие податоци може да се користат при донесувањето на краткорочните деловни одлуки на деловните субјекти, како и при водењето на краткорочната економска политика на земјата.
Статистичките серии што се добиваат од ова истражување се особено поволни за набљудување на деловниот циклус и за прогнозирање.
Кварталното статистичко истражување за деловните тенденции во трговијата на мало, Државниот завод за статистика почна да го спроведува од 2002 година. Методологијата и прашалникот за ова истражување се подготвени според препораките дадени во Прирачникот на Европската комисија - Главна дирекција за економски и финансиски работи, а обработените податоци сi уште не се целосно споредливи со земјите-членки на Европската унија.
Вид на истражувањето
Истражувањето за деловните тенденции во трговијата на мало е квалитативно истражување кое ја користи техниката на испитување на мислењата. Тоа обезбедува квалитативни, а не квантитативни (нумерички) податоци од раководителите (менаџери, директори или други членови на раководниот тим) на деловните субјекти. Тие, во своите одговори, даваат оцена (добра, задоволителна, лоша, зголемен, непроменет, намален и сл.) за тековната состојба на главните економски показатели во нивните деловни субјекти и ги искажуваат своите очекувања за движењата на тие показатели во блиска иднина.
Примерок
Истражувањето за деловните тенденции во трговијата на мало се спроведува врз примерок од деловни субјекти класифицирани во одделите на дејностите од областа на трговијата, избрани намерно.
Намерниот избор на деловните субјекти е извршен според критериумот да бидат опфатени оние деловни субјекти со најголема реализирана вредност во соодветниот оддел на дејностите од НКД.
Пондерирање
Секој индивидуален одговор во обработките се пондерира, што значи му се дава соодветна тежина што ја одразува важноста, односно големината на секој деловен субјект. Пондерирањето на секој одговор се врши со бројот на вработените во деловниот субјект и неговата реализирана вредност.
Резултатите од обработките на одговорите на секое прашање се прикажуваат во форма на баланси. Балансот претставува разлика помеѓу пондерираните позитивни и негативните одговори, изразена во проценти. Балансот го покажува движењето на набљудуваниот економски показател, а не неговата вистинска големина.
Последно ажурирање:
08.02.2011
|
Соопштенија
Методолошко објаснување за соопшението од областа:
Деловни тенденции
|
© Државен завод за статистика