Методолошко објаснување за соопштението:
Индекси на цените во земјоделството
Извори на податоците
Извори за цените на инпутот и на аутпутот се месечните извештаи кои се прибираат од деловните субјекти од областа на трговијата на големо, земјоделските претпријатија и задруги кои продаваат средства за тековна потрошувачка во земјоделството и производи од земјоделското производство надвор од Секторот.
Дефиниции
Инпутот во земјоделството ги опфаќа средствата, услугите и инвестициите, а кои земјоделските производители тековно ги вложиле за непречено одвивање на земјоделското производство.
Аутпутот во земјоделството го опфаќа производството од земјоделскиот сектор, откупено или продадено надвор од Секторот.
Начин на пресметка
Пондерите по групи кои се применуваат во пресметките на индексите на цените на инпутот и аутпутот во земјоделството се преземени од Економските сметки во земјоделството и претставуваат тригодишен просек 2003-2005 година.
Пондерите по производи кои се користат за пресметка на индексите на цените на инпут и аутпут во земјоделството, се пресметани врз основа на учеството на просечната годишна вредност на набавените производи по набавни цени за 2003-2005 година и производната вредност по тековни цени за 2003-2005 година.
Последно ажурирање:
08.02.2011
|
Соопштенија
Методолошко објаснување за соопшението од областа:
Цени
|
© Државен завод за статистика