Методолошко објаснување за соопштението:
Потрошувачка кошница, цени и плати
Потрошувачката кошница на исхрана и пијалаци е формирана врз основа на податоците што ги обезбедува Државниот завод за статистика со своите редовни истражувања, и тоа: - статистичкото истражување "Анкета за потрошувачка на домаќинствата" (АПД) со која се обезбедуваат податоци за просечно потрошените количества на одделни артикли за лична потрошувачка; - статистиката на цените на мало, која дава податоци за тековните цени според кои трговијата на мало, производителите и вршителите на услуги му ги продаваат своите производи и услуги на крајниот потрошувач; - статистиката на платите, која дава податок за просечните исплатени нето-плати по работник за месецот. Потрошувачката кошница опфаќа производи од категоријата исхрана и пијалаци. Сите производи од категоријата исхрана и пијалаци кои ја сочинуваат кошницата се одредени како просечни месечни потреби на едно четиричлено неземјоделско домаќинство и тој список на производи е константен (исти производи-исти количества), во текот на една година. За формирање на кошницата од АПД е направен избор на репрезентативни производи кои ја покажуваат просечната потрошувачка за исхрана и пијалаци без претензии да означуваат граничен случај на било кој начин. Цените на мало на производите од кои е формирана потрошувачката кошница се пресметани врз основа на нивно редовно месечно следење во 8 градови во Република Македонија.
Последно ажурирање:
21.03.2011
|
Соопштенија
Методолошко објаснување за соопшението од областа:
Животен стандард
|
© Државен завод за статистика