+A   |  -A
ïïï: 290 | âââ: 65806
Skip Navigation LinksНасловна Статистики по области Методолошки објаснувања

Методолошко објаснување за соопштението:


Сиромаштија


Сиромаштија

Имајќи ја предвид ориентираноста на македонската статистика кон меѓународните стандарди и потребата од обезбедување на меѓународно споредливи податоци, како појдовна дефиниција за сиромаштијата се користи дефиницијата на Еуростат.

“Како сиромашни се сметаат лица, семејства и групи на лица чии ресурси (материјални, културни и социјални) се на такво ниво кое ги исклучува од минимално прифатливиот начин на живеење во земјата во која живеат”.

Линии на сиромаштија

Линијата на сиромаштија е дефинирана како ниво на животен стандард, што треба да се достигне за едно лице/домаќинство да не биде класифицирано како сиромашно.
- Релативна линија на сиромаштија - релативен стандард на опстојување определен како неопходно ниво на трошоци;

-     Субјективна линија на сиромаштија - субјективен стандард на опстојување врз база на мислењата изразени од целата популација за нивото на приходите неопходни за да се одбегне сиромаштијата.

Еквивалентна скала

За да се овозможи споредливост на домаќинствата кои се разликуваат според големината и демографскиот состав неопходно е да се користат еквивалентните скали, како еден вид дефлатор кој ги изедначува тие разлики. Постојат повеќе видови еквивалентни скали кои се применуваат при пресметката на линијата на сиромаштија, но Државниот завод за статистика ја користи OECD еквивалентната скала.

Пресметување на релативната линија на сиромаштија

При пресметувањето на релативната линија на сиромаштија се користи концептот на расходите. Според него, земени се предвид сите расходи за прехранбените и непрехранбените производи и услуги, а вклучена е вредноста на потрошувачката од сопствено производство. Во потрошувачката не се вклучени расходите што имаат карактер на трансфери како членарини, придонеси, подароци, враќање на долгови и заштеди. Исто така не се вклучени и расходите што имаат карактер на инвестиции како купувањето и инвестирањето во сопствени станови од причина што тие не го сочинуваат егзистенционалниот буџет.

Врз основа на утврдените нивоа на линија на сиромаштија пресметан е процентот на лица чии трошоци се под нивото од 70% од медијалниот еквивалентен трошок.

Индекси на сиромаштија

Вкупен збирен индекс - процент на лица кои живеат под линијата на сиромаштијата.

Индекс на длабочината на сиромаштијата - просечен пропорционален недостиг на расходи за целата популација (наместо на сите сиромашни лица).

Извори на податоци за пресметка на линијата на сиромаштија

-     Анкетета за потрошувачка на домаќинствата која се спроведува во Државниот завод за статистика, е најважен извор на податоци за пресметка на линијата на сиромаштија и за анализа на животниот стандард.



Последно ажурирање: 10.02.2011

 
  

  Соопштенија
 
 
  Последно соопштение

  Методолошко објаснување за соопшението од областа: Животен стандард 
  
  Лаекен индикатори за сиромаштијата
  Потрошувачка кошница, цени и плати
  Сиромаштија


   


© Државен завод за статистика