Методолошко објаснување за соопштението:
Театри, филхармониja и професионални ансамбли за народни игри и песни
Професионални театри се самостојни културно-уметнички организации со постојана управа и постојан професионален уметнички ансамбл.
Професионални театри за деца и млади се самостојни културно-уметнички организации со постојана управа и постојан професионален уметнички ансамбл што даваат претстави за деца и млади.
Аматерски театри се културно-уметнички организации во кои ансамблот се состои претежно од артисти - аматери што се организациски самостојни или во состав на некој друг деловен субјект.
Филхармонија и симфониски оркестар е музички состав на професионални музичари што изведуваат симфониска или концертна програма.
Професионален оркестар е музички состав на професионални музичари што имаат заснован работен однос и изведуваат уметнички музички дела.
Последно ажурирање:
10.02.2011
|
Соопштенија
Методолошко објаснување за соопшението од областа:
Култура
|
© Државен завод за статистика