+A   |  -A
ïïï: 197 | âââ: 80603
Skip Navigation LinksНасловна Статистики по области Методолошки објаснувања

Методолошко објаснување за соопштението:


Наставници и соработници во наставата во високообразовните установи


Дефиниции

Во согласност со Законот за високото образование ("Службен весник на РМ" бр. 35/2008):

"Високо образование" е образование кое се однесува на студиски програми кои се остваруваат на универзитети и самостојни високообразовни установи.

"Високообразовни установи" се: универзитет и висока стручна школа. Високообразовни установи во состав на универзитет се: факултет, уметничка академија и висока стручна школа.

Универзитет е највисока автономна високообразовна, научна односно уметничка установа која го обезбедува единството во вршење и развојот на високото образование, науката, уметноста и стручноста и непосредно преку своите единици од различни студиски подрачја пренесува сознанија од повеќе научни односно уметнички подрачја и дисциплини.

Факултет е високообразовна установа која врши високообразовна, научно-истражувачка и применувачка високостручна дејност во студиско и научно-истражувачко подрачје, според студиска програма на една или повеќе сродни меѓусебно поврзани наставно-научни, односно уметнички или стручни области од прв, втор и трет циклус на студии.

Високообразовна установа која врши високообразовна и уметничка дејност како додипломски стручни студии, специјалистички стручни студии и применувачка дејност од подрачјето на една или повеќе сродни , односно меѓусебно поврзани струки (стручни области). Наставници и соработници се лица кои изведуваат настава на високообразовните установи, а кои според наставно-научното звање се: "редовен професор, вонреден професор, доцент (на факултетите)" виш предавач, предавач и професор на висока стручна школа (на високите стручни школи).стручна школа и предавач на висока стручна школа.

Висока стручна школа е високообразовна установа која врши високообразовна и уметничка дејност како додипломски стручни студии, специјалистички стручни студии и применувачка дејност од подрачјето на една или повеќе сродни, односно меѓусебно поврзани струки (стручни области).

Наставници и соработници се лица кои изведуваат настава на високообразовните установи, а кои според наставно-научното звање се:
  • редовен професор, вонреден професор, доцент (на факултетите)     
  • виш предавач, предавач и професор на висока стручна школа (на високите стручни школи)
Опфат

Според методологијата на истражувањето, се опфаќаат сите факултети и високи стручни школи, во рамките на државните и приватните универзитети. Во опфатот на податоците за 2009/2010 недостасуваат податоци од неколку факултети, поради недоставување на извештаи.



Последно ажурирање: 09.02.2011

 
  

  Соопштенија
 
 
  Последно соопштение



© Државен завод за статистика