+A   |  -A
ïïï: 820 | âââ: 68310
Skip Navigation LinksНасловна Статистики по области Методолошки објаснувања

Методолошко објаснување за соопштението:


Доктори на науки


Податоците за доктори на науки се прибираат од високообразовните установи како и од научно-истражувачките институции и други правни субјекти кои се овластени за организирање и спроведување на последипломски студии. Податоците за доктори на науки се прибираат со индивидуалниот прашалник "Статистички лист за доктори на науки", образец ШВ.70, кој го пополнува секое лице што стекнало академска титула доктор на науки, при што податоците се однесуваат на календарска година.

Дефиниции

Високообразовни установи, во согласност со Законот за високото образование, се: универзитет, факултет и висока стручна школа. Факултетите на уметностите кои вршат уметничка дејност можат да го носат и називот уметничка академија.

Факултет претставува високообразовна установа која врши високообразовна дејност, научна, истражувачка и применувачка работа во една или повеќе сродни научни и стручни области.

Титулата доктор на науки се однесува на лица со завршено високо образование, академски степен магистер на науки и одбранета докторска дисертација.



Последно ажурирање: 09.02.2011

 
  

  Соопштенија
 
 
  Последно соопштение



© Државен завод за статистика