+A   |  -A
ïïï: 356 | âââ: 85441
Skip Navigation LinksНасловна Статистики по области Методолошки објаснувања

Методолошко објаснување за соопштението:


Ликовна дејност, организирани ликовни изложби и ликовни колонии


Податоците прикажани во ова Соопштение се добиени преку статистичките истражувања за ликовни изложби и ликовни колонии во Република Македонија кои како редовни статистички истражувања Државниот завод за статистика ги спроведува секоја година.

Податоците добиени од овие статистички истражувања се однесуваат на бројот на организирани ликовни изложби, посетителите на изложбите, учеството на ликовните уметници на изложбите, потеклото на уметниците-домашни и странски, вкупниот број на организирани ликовни колонии, учеството на уметниците на ликовните колонии, создадените ликовни дела на колониите и др.

Дефиниции

Ликовна изложба претставува уметнички настан на кој се презентираат дела на ликовни уметници. Ликовните изложби можат да бидат самостојни, групни и ретроспективни.

Самостојна изложба е изложба на која се презентираат дела од еден ликовен уметник, било од земјата било од странство.

Групна изложба е изложба на која се презентирани дела од повеќе ликовни уметници.

Ретроспективна изложба е изложба на која се изложени дела на ликовен уметник создавани во текот на целото негово творештво.

Ликовна колонија претставува форма на организирана ликовна манифестација на која, по покана, за определен временски период, творат ликовни уметници-сликари, графичари, керамичари и други, при што настанатите дела остануваат во сопственост на деловниот субјект кој ја организирал колонијата.



Последно ажурирање: 09.02.2011

 
  

  Соопштенија
 
 
  Последно соопштение



© Државен завод за статистика