+A   |  -A
ïïï: 1664 | âââ: 93698
Skip Navigation LinksНасловна Статистики по области Методолошки објаснувања

Методолошко објаснување за соопштението:


Здравствени сметки


Ова методолошко објаснување се однесува на податоците објавени за здравствените сметки, подготвени во согласност со меѓународно споредливата методологија A System of health accounts, 2011 - SHA (Систем на здравствените сметки), утврдена од ОЕЦД , Евростат и СЗО.

За пресметките се користи мeтодот на процена bottom up со кој се обезбедува сеопфатен пристап и агрегирање на податоците од пониско кон повисоко ниво.

Правна основа

Правна основа за обработка, подготовка и дисеминација на податоците за здравствените сметки претставуваат Законот за државната статистика („Службен весник на Република Македонија“ бр. 54/97, 21/07, 51/11, 104/13, 42/14, 192/15, 27/16, 83/18 и 220/18 и „Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 31/20) и Петгодишната програмата за статистички истражувања за периодот 2018 ‒ 2022 година („Службен весник на Република Македонија“ бр. 22/18, 224/18 и „Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 18/20 и 300/20).

Единици на набљудување

Единици на набљудување се сите даватели на различни здравствени услуги во набљудуваната календарска година.

Опфат

Податоците ги опфаќаат вкупните трошоци на населението на Република Северна Македонија (РСМ) за извршените здравствени услуги, издадените лекови и медицински технички помагала според методологијата на SHA. Вклучени се јавните, приватните и донираните средства.

Извори на прибирање на податоците

За подготовка на табелите за трошоците за здравството се користат административни извори на податоци и податоци од статистички истражувања. Главен извор на податоците се податоците од ФЗО на РСМ, податоците од годишните финансиски сметки на Централниот регистар на РСМ, од статистичките истражувања спроведени од Министерството за труд и социјална политика, Министерството за одбрана, Министерството за финансии и други релевантни институции.

Дефиниции

Основните табели ги прикажуваат трошоците направени во здравството според ICHA (Меѓународна класификација на здравствените сметки) и опфаќаат три димензии на трошоците, и тоа според:

• Функциите на здравствената заштита (ICHA-HC),

• Давателите на здравствени услуги (ICHA-HP) и

• Трошоците по здравствени шеми (ICHA-HF).

 

Опис на категориите

1. ICHA-HC Класификација на функциите на здравствената заштита

HC.1 Куративна здравствена заштита ‒ вклучува здравствени услуги насочени кон намалување на симптомите на болеста/повредата, спречување компликации и заздравување, вклучително и дијагностички и терапевтски процедури, хирургија и акушерство (исклучува рехабилитација и палијативна нега).

HC.2 Рехабилитациска здравствена заштита ‒ вклучува здравствени услуги насочени кон подобрување на функцијата на пациентот со функционални ограничувања поради болест или повреда.

HC.3 Долготрајна нега (медицинска) ‒ вклучува долгорочна здравствена заштита на пациентот со хронични заболувања и намалени функционални способности.

HC.4 Помошни/дополнителни услуги (назначени по функција) ‒ вклучува лабораторија, дијагностичко снимање, итна помош и транспорт на пациенти; се однесува само на пациенти што не се хоспитализирани.

HC.5 Медицински добра (назначени по функција) ‒ вклучува малопродажба на лекови на рецепт и без рецепт, медицински производи што се консумираат, очила и други оптички помагала, помагала за слух, ортопедски помагала.

HC.6 Превентивна здравствена заштита ‒ вклучува услуги за превенција поврзани со информации, едукација и советување, програми за вакцинација, програми за рано откривање, програми за скрининг, епидемиолошки надзор, програми за контрола на ризик и болести и подготовки за интервенции во итни случаи и катастрофи.

HC.7 Управување, администрација и финансирање на здравствениот систем ‒ вклучува планирање и спроведување на здравствената политика, плановите, програмите и финансирањето, подготовка и имплементација на законодавството и стандардите поврзани со здравството, собирање, обработка и дисеминација на информации, техничка документација и статистика за здравјето, администрација на Фондот за здравствено осигурување и приватно здравствено осигурување.

 

2. ICHA-HP Класификација на давателите на здравствена заштита

HP.1 Болници ‒ вклучува клиники, општи и специјални болници.

HP.2 Резиденцијални установи за долготрајна грижа ‒ вклучува домови за стари и немоќни лица, кои обезбедуваат здравствена нега и домови за ментално болни возрасни лица.

HP.3 Даватели на вонболничка (амбулантска) здравствена заштита ‒ ги вклучува сите независни општи лекари и лекарите специјалисти, стоматолозите и другите даватели на здравствени услуги, амбулантските центри, поликлиниките, дијализните центри, здравствените домови и давателите на услуги за физикална терапија и рехабилитација во домашни услови.

HP.4 Даватели на помошни/дополнителни услуги ‒ ги вклучува лабораториите, Институтот за трансфузиона медицина, институтите за итна медицина, институциите за медицински транспорт.

HP.5 Малопродажни и други доставувачи на медицински добра ‒ ги вклучува аптеките, малопродажбата на оптички, слушни и/или ортопедски помагала и медицински помагала.

HP.6 Даватели на превентивна здравствена заштита ‒ ги вклучува Институтот за јавно здравје и центрите за јавно здравје.

HP.7 Администрација и финансирање на здравствениот систем ‒ ги вклучува Министерството за здравство и агенциите и институциите под негова надлежност (освен оние што се изречно наведени во други категории), Министерството за одбрана, локалната самоуправа и здравственото осигурување.

HP.8 Останати економски субјекти ‒ ги вклучува и другите установи што обезбедуваат здравствени услуги како секундарна активност и во вид на домашни здравствени услуги.

HP.9 Останат дел од светот

 

3. ICHA-HF Класификација на трошоците по здравствени шеми:

HF.1 Владини/буџетски механизми и задолжително здравствено осигурување

HF. 1.1 Владини/буџетски механизми ‒ ги вклучува единиците на државната администрација и самоуправата на државно и на локално ниво.

HF. 1.2 Задолжително здравствено осигурување ‒ вклучува ФЗО за задолжително здравствено осигурување.

HF. 2 Механизми на доброволно плаќање

HF. 2.1 Механизми на доброволно здравствено осигурување ‒ го вклучува приватното осигурување.

HF.2.2 Механизми финансирани од невладиниот секторНВО (вклучително и развојните агенции) – ги вклучува фондациите и асоцијациите со здравствени трошоци.

HF.2.3 Механизми финансирани од претпријатија ‒ ги вклучува податоците за трошоците за систематски прегледи платени од претпријатијата.

HF.3 Приватни трошоци на домаќинствата ‒ ја вклучува проценката на приватните трошоци без партиципација, се базира на т.н. резидуален метод. За 2017 и 2018 година, го вклучува извозот на услуги.

HF.3.1 Приватни трошоци без партиципација

HF.3.2Учество во цената на здравствената услуга (партиципација)

 




Последно ажурирање: 19.02.2021

 
  

  Соопштенија
 
 
  Последно соопштение

  Методолошко објаснување за соопшението од областа: Здравствени сметки 
  
  Здравствени сметки


   


© Државен завод за статистика