Методолошко објаснување за соопштението:
Континуирана професионална обука во деловните субјекти - АКПО5
Анкетата за континуирана професионална обука (КПО) се реализира со цел да се добијат податоци за инвестициите, видовите и начините на реализација на обуките во рамките на деловниот субјект, со кои ангажираната работна сила со одредени квалификации и способности се прилагодува кон потребите на деловниот субјект од соодветни квалификации и способности на трудот.
Дефиниции
Континуирана професионална обука е мерка или активност на обука чијашто примарна цел е стекнување на нови компетенции или развој и подобрување на веќе постоечките, која мора да биде финансирана барем делумно од страна на деловниот субјект за вработените кои или имаат договор за работа или директно придонесуваат за работата на деловниот субјект како неплатени семејни работници и привремени работници. Посетата на обука од страна на вработените во текот на работното време се смета како финансиска поддршка од страна на деловниот субјект. Вработените лица кои имаат договор за стажирање или за обука не треба да се земат предвид за КПО (овие може да бидат релевантни кандидати за ИПО). Мерките или активностите за обука мора да бидат планирани однапред и мора да бидат организирани или поддржани со посебна цел на учење. Случајното учење и иницијалната професионална обука (ИПО) се експлицитно исклучени. Мерките и активностите на континуираната професионална обука вклучуваат КПО и други форми на КПО. Курсевите за КПО обично се јасно одвоени од активното работно место (учењето се одвива на локации доделени специјално за учење, како во училница или центар за обука). Имаат висок степен на организација (време, простор, и содржина) од страна на обучувачот или институцијата за обука. Содржината е дизајнирана за група од ученици (на пример, постои наставна програма). Идентификувани се два различни вида на КПО и тоа внатрешни КПО и надворешни КПО. Други форми на континуирана професионална обука обично се поврзани со активната работа и со активното работно место, но тие, исто така, вклучуваат присуство (инструкции) на конференции, трговски саеми итн. со цел учење. Тие често се карактеризираат со одреден степен на самоорганизирање (време, простор и содржина) од страна на независен ученик или група на ученици. Содржината се составува во зависност од индивидуалните потреби на учениците на работното место.
Последно ажурирање:
26.04.2017
|
Соопштенија
Методолошко објаснување за соопшението од областа:
Образование и наука
|
© Државен завод за статистика