+A   |  -A
ïïï: 1782 | âââ: 72384
Skip Navigation LinksНасловна Статистики по области Методолошки објаснувања

Методолошко објаснување за соопштението:


Превезени патници со автобуси


Автобус е моторно возило наменето за превоз на повеќе од 24 лица (вклучувајќи го и возачот) со можност за превоз на патници коишто седат и патници коишто стојат.

Меѓуградски автобус, минибус , комбесе моторни возила наменети за превоз на лица кои покрај седиштето на возачот имаат повеќе од осум седишта (вкупно 9 седишта заедно со возачот).

Патник е секое лице кое набавило возен билет или соодветна возна исправа и влегло во автобус со цел да се превезе до определеното место.

Патнички километар претставува превоз на еден патник на растојание од еден километар.

Градски превоз подразбира превоз на патници во градско подрачје.

Приградски превоз подразбира превоз на патници кој ги опфаќа и населбите во непосреден допир со главните населени места.

Меѓуградски превоз на патници подразбира превоз на патници извршен во границите на нашата земја.

Меѓународен превоз на патници подразбира превоз на патници на кои почетната станица им е во нашата земја, а излезната во странство и обратно, како и превозот на патници извршен меѓу две места во странство.



Последно ажурирање: 19.06.2015

 
  

  Соопштенија
 
 
  Последно соопштение

  Методолошко објаснување за соопшението од областа: Транспорт и комуникации 
  
  Паркиралишта и гаражи
  Превезени патници и стоки
  Такси-превоз на патници
  Превезени патници со автобуси


   


© Државен завод за статистика