+A   |  -A
ïïï: 273 | âââ: 84997
Skip Navigation LinksНасловна Статистики по области Методолошки објаснувања

Методолошко објаснување за соопштението:


Стоковна размена според економските карактеристики на претпријатијата


Методолошки објаснувања
Една од главните идни развојни области за статистиката на надворешната трговија е нејзиното поврзување со останатите статистики. Статистиката на стоковната размена според економските карактеристики на претпријатијата овозможува да се измери учеството на реалните економски сектори во трговијата, како и надополнување на бизнис податоците со детални информации за трговијата. Овие податоци овозможуваат анализа на ефектите на меѓународната трговија врз производството, вработеноста и резултатите на претпријатијата.

Правен основ
Процесот на хармонизација на националната методологија и регулатива со ЕУ регулативите и законодавството на Европската унија е зајакнат со спроведувањето на новиот модул - статистика на стоковната размена според економските карактеристики на претпријатијата. Регулативата (ЕЗ) бр. 471/2009 на Европскиот парламент и на Советот од 6 мај 2009, која се јавува како основа за спроведување на статистиката на надворешната трговија преку имплементирање на новата активност, во голем степен е усогласена со националниот статистички систем.

Извори на податоци
Основен извор на податоците за статистиката на стоковната размена според економските карактеристики на претпријатијата е царинската декларација (Единствен царински документ) и Статистичкиот деловен регистар на Република Македонија кој се води од страна на Државниот завод за статистика и содржи податоци за деловните субјекти (правни и физички лица) и нивните организациски единици кои вршат дејност на територијата на Република Македонија, без оглед на нивната големина, организациска (правна) форма, институционален сектор или сектор на активности од Националната класификација на дејностите од каде што се добиваат информации за нивната главна дејност.

Опфат
Опфатена е трговијата со стоки од сите претпријатија кои се вклучени во периодот на набљудување, во согласност со статистичката покриеност во статистиката на надворешната трговија за национални потреби, со исклучок на трговијата реализирана од страна на физички лица.

Дефиниции и објаснувања

Број на претпријатија е број на регистрирани правни или физички лица кои во текот на годината на набљудување тргувале со стока со други земји.

Големина на претпријатијата се утврдува според бројот на вработени во претпријатието. Податоците според овој индикатор се поделени во следниве групи на претпријатија: микро претпријатија (1-9 вработени), мали претпријатија (10-49 вработени), средни претпријатија (50-249 вработени) и големи претпријатија (250 или повеќе вработени).

Вработени ги опфаќа лицата кои се вработени и самовработени лица со задолжително социјално осигурување, без оглед на тоа дали тие се вработени со полно или со скратено работно време.

Вредност на стоката е искажана врз основа на цените што ги постигнале претпријатијата при склучување на договорите. Сите вредности за увезената и за извезената стока се пресметани врз база на паритетот франко-македонска граница. Вредноста на стоките увезени или извезени после преработката е таканаречена бруто-вредност и ја вклучува вредноста на увезените или извезените стоки (материјали) плус вредноста на извршената услуга.

Повеќе информации можете да најдете на следниот линк:
- Методолошко упатство : стоковна размена според економските карактеристики на претпријатијата



Последно ажурирање: 22.12.2015

 
  

  Соопштенија
 
 
  Последно соопштение

  Методолошко објаснување за соопшението од областа: Надворешна трговија 
  
  Обем на стоковната размена со странство
  Стоковна размена според економските карактеристики на претпријатијата


   


© Државен завод за статистика