+A   |  -A
ïïï: 16381 | âââ: 118864
Skip Navigation LinksНасловна Статистики по области Методолошки објаснувања

Методолошко објаснување за соопштението:


Енергија, месечни податоци


Опфат на податоците

При прибирањето на податоците од извештајните единици се користи методот на целосен опфат (за деловните субјекти кои вршат производство, пренос и дистрибуција на енергенти) и по пат на примерок (за деловните субјекти кои се потрошувачи на енергенти).

Дефиниции

Хидроелектрични централи се постројки кои потенцијалната и кинетичката енергија на водата ја трансформираат во електрична енергија.
Соларни централи се фотоволтаични централи кои сончевата светлина ја претвораат во електрична енергија.
Термоцентрали се постројки за производство на електрична енергија.
Индустриски топлани (енергани) се комбинирани постројки кои произведуваат топлинска и електрична енергија.
Комбинирани електрани се комбинирани постројки кои произведуваат топлинска и електрична енергија наменета исклучиво за продажба.
Јавни котлари се постројки за производство на топлинска енергија наменета за продажба.
Увоз/Извоз е количина која е внесена/изнесена во/од националната територија.
Салдо на залихи е разлика од залихите во земјава во првиот ден на месецот (почетни залихи) и последниот ден во месецот (крајни залихи).
Вкупно потребна енергија претставува бруто-примарно производство+увоз-извоз+салдо на залихи.
Вкупното бруто-производство на електрична енергија го опфаќа бруто-производството на електрична енергија од сите типови на централи. Вкупното бруто-производство на електрична енергија на централите е електричната енергија измерена на излезот од генераторите вклучувајќи ја и електричната енергија потрошена за сопствени потреби во процесот на производство.
Вкупно нето-производство на електрична енергија е разлика од вкупното бруто-производство и сопствената потрошувачка на електрична енергија во процесот на производство.
Нето-увоз = Увоз-извоз
Бруто-домашна потрошувачка на електрична енергија = Нето-увоз+Вкупно бруто-производство.
Енергија за енергетски трансформации претставува енергија потрошена за добивање на други облици на енергија (топлинска и електрична енергија).
Производство на трансформирана енергија го опфаќа производството на трансформирани облици на енергија (термоелектрична енергија, нафтени продукти и топлинска енергија).
Размена претставува трансфер на бруто-производството на хидроелектрична енергија.
Загуби во пренос и дистрибуција се сите загуби настанати при пренос и дистрибуција на енергија (природен гас, електрична енергија, итн. ).
Расположливо за финална потрошувачка претставува енергија која не претрпува друг вид на трансформација пред да се употреби како финален производ и се пресметува на следниов начин:
Вкупно потребна енергија - Енергија за енергетски трансформации + Производство на трансформирана енергија + Размена - Потрошувачка во енергетскиот сектор - Загуби.
Финалната потрошувачка за енергетски цели ја опфаќа крајната потрошувачка во индустријата, сообраќајот, домаќинствата, земјоделството и останатиот сектор.
Нормален метар кубен е волумен на гас при температура од 20оC и притисок од 1.01325 bar.
Нето калорична вредност = 0.9* Бруто калорична вредност.

Метод на пресметка

Во пресметката на месечните енергетски статистики е користена методологијата "Energy Statistics Methodology Eurostat F4, 1998". Месечните енергетските статистики се подготвуваат во согласност со европската Регулатива за енергетска статистика (Регулатива бр.1099/2008).

Класификации

Во распределбата на финалната потрошувачка на енергентите во месечните енергетски статистики е користена Националната класификација на дејностите НКД Рев.2 (''Службен весник на Република Македонија'' бр. 147/2008).



Последно ажурирање: 13.05.2013

 
  

  Соопштенија
 
 
  Последно соопштение



© Државен завод за статистика