+A   |  -A
ïïï: 10047 | âââ: 116501
Skip Navigation LinksНасловна Статистики по области Методолошки објаснувања

Методолошко објаснување за соопштението:


Регионални сметки во земјоделството


Дефиниции

 
Производство на земјоделската "деловна гранка" - претставува збир на производството на сите единици во земјоделската деловна гранка изразено во вредност на производството. Вредноста на единиците одделно е вреднувана по производни цени, а тоа се цените што ги добиваат производителите на земјоделски производи од купувачите за единица произведена стока.


Меѓуфазна потрошувачка - се состои од вредноста на стоките и услугите што се потрошени како инпути во процесот на производството исклучувајќи ги основните средства чие трошење се запишува како амортизација.


Бруто-додадена вредност - претставува билансна ставка во производната сметка кај економските сметки во земјоделството. Таа се пресметува како разлика меѓу вредноста на земјоделското производство од една и вкупната меѓуфазна потрошувачка од друга страна.


Методи на пресметка
Според препораките на ЕСА 95 (Европски систем на сметки), за пресметка на регионалните сметки се користат 3 методи: “Bottom-up” методот, “Top-down” методот и комбинираниот или “Mixed” метод.


“Bottom-up” (метод на пресметка од пониско кон повисоко ниво) - се користи кога основните податоци за производството на земјоделски производи се достапни на регионално ниво. Според овој метод, вредноста на производството се пресметува со користење на формулата Vri = qri x pi, каде што Vri е вредноста на производството на производот i во регионот r, qri е количината на производот i произведена во регионот r, а pi е цената на производот i во соодветната година.


“Top-down” (метод на пресметка од повисоко кон пониско ниво) - подразбира дистрибуција на националните вредности помеѓу регионите со помош на т.н. клучеви за распределба кои најадекватно би ја рефлектирале појавата која се проценува. Овој метод се користи во случај кога основните податоци за пресметка на индикаторите не се достапни на ниво на регион.


“Mixed” - (комбиниран метод) претставува најчесто употребуван метод кој ги комбинира претходните два. Имено, при примената на методот “Bottom-up“ секогаш постојат празнини во однос на потребните информации кои треба да се пополнат со методот “Top-down”. Обратно, пак, методот “Top-down” може да користи податоци од повеќе извори на начин соодветен како при процената со методот “Bottom-up”.


При пресметка на регионалните сметки во земјоделството беше користен третиот, односно “Mixed” методот или комбинираниот метод. За пресметка на вредноста на Производството на земјоделската "деловна" гранка, најчесто беше користен Bottom-up методот, додека, пак, за пресметка на ставките од вредноста на меѓуфазната потрошувачка, се користеше “Top-down” методот.


Региони


Регионализацијата на економските сметки во земјоделството е извршена во согласност со Номенклатурата на територијалните единици за статистика (НТЕС) ("Сл.весник на РМ" бр.158/2007). Номенклатурата обезбедува единствена и унифицирана поделба на територијалните единици на регионално и на локално ниво и претставува основа за прибирање и обработка на податоците кои се користат за планирање и водење на регионалната политика во Република Македонија. Податоците се прикажани според НТЕС на трето ниво, според кое во Македонија постојат 8 региони: Вардарски, Источен, Југозападен, Југоисточен, Пелагониски, Полошки, Североисточен и Скопски.




Последно ажурирање: 27.09.2013

 
  

  Соопштенија
 
 
  Последно соопштение

  Методолошко објаснување за соопшението од областа: Економски сметки во земјоделството 
  
  Економски сметки во земјоделството, по постојани цени
  Економски сметки во земјоделството, по тековни цени
  Регионални сметки во земјоделството


   


© Државен завод за статистика