+A   |  -A
ïïï: 5126 | âââ: 91021
Skip Navigation LinksНасловна Статистики по области Методолошки објаснувања

Методолошко објаснување за соопштението:


Индекси на продажните цени на производителите на индустриски производи на странски пазари


Цели

Индексите на продажните цени на производителите на индустриски производи на странски пазари ги мерат промените на нивото на цените на производителите на индустриски производи/услуги што се произведуваат во земјата, а се продаваат на странски пазари.

Класификации и публикување на податоците

Продажните цени на производителите на индустриски производи/услуги се прибираат и обработуваат според Класификацијата на производи по дејности (КПД/2015) и Царинската номенклатура, а индексите се пресметуваат по групи, оддели и сектори од Националната класификација на дејностите (НКД Рев.2).


Индексите на продажните цени на производителите на индустриски производи/услуги на странски пазари се публикуваат по сектори и по оддели.
Индексите ги покриваат секторите:
- B/Б (Рударство и вадење на камен)
- C/В (Преработувачка индустрија)


Индексите ги покриваат одделите:
-од секторот B/Б одделите 07 (Вадење на руди на метал) и 08 (Вадење на други руди и камен),
-од секторот C/В сите оддели освен:
18 (Печатење и репродукција на снимени медиуми (записи))

19 (Производство на кокс и рафинирани нафтени производи),
33 (Поправка и инсталирање на машини и опрема).

Исто  така, се публикуваат индекси кои ја покажуваат динамиката на цените според крајната употреба на производите/услугите, класифицирани во три групи и две подгрупи:
- интермедијарни производи освен енергија,
- капитални производи,
- производи за широка потрошувачка:

--- трајни производи,

--- нетрајни производи.

 

Прибирање на податоци

Цените кои се основа за пресметување на индексот на продажните цени на производителите на индустриски производи/услуги на странски пазари, се прибираат со статистичкиот прашалник „Месечен извештај за извозни цени (Продажни цени на производителите на индустриски производи на странски пазари)”, (Ц.извоз). 


Прашалникот Ц.извоз се испраќа до претпријатијата избрани во примерокот на почетокот на годината.
За секое избрано претпријатие се подготвува индивидуален статистички прашалник (образец).
Во прашалниците се вклучени само репрезентативни производи/услуги за избраните претпријатија.

Секој избран производ/услуга има шифра составена од 10 цифри од Царинската номенклатура плус 2 цифри за спецификација на производот/услугата, назив на производот/услугата, единица мерка и објаснување и подетална спецификација за промените на цената.

Претпријатијата ги пополнуваат податоците за просечните месечни продажни цени за тековниот месец и ги доставуваат до ДЗС, до 15-ти во месецот, за претходниот месец.

 

Цени

Продажната цена на производителите на индустриски производи/услуги продадени на странски пазари е цената според која производителот ги продава своите производи/услуги на редовните купувачи на странски пазари, во најголеми количества со клаузула FOB (free on board), што подразбира дека трошоците за транспорт и осигурување до македонската граница се вклучени во цената. Од оваа цена се одбива трговскиот рабат и попустот што продавачот му го одобрува на купувачот. Во цената не треба да се пресмета ДДВ.

 

Просечната месечна продажна цена на еден производ/услуга се пресметува кога вкупната месечна продажна вредност (земајќи ја во предвид претходната дефиниција) од тој производ/услуга на странски пазари, ќе се подели со вкупното количество од истиот производ/услуга продадено на странските пазари во тој месец.

Продажните цени на производителите на индустриски производи/услуги од базниот период се основа за споредба на цените од тековниот период.
 

Пондерирање

За пондерирање се користи реализираната вредност на странски пазари од „Годишниот извештај за индустрија”, ИНД.21, и вредноста на извозот од „Стоковна размена со странство”.
Пондерите се менуваат секоја петта година.

Пресметки

(1) Месечните индекси на продажните цени на производителите на индустриски производи/услуги на странски пазари се пресметуваат со користење на Ласперовата формула.


http://www.stat.gov.mk/images/lesperovaFormula.jpg
I(t/0)  - индекс на група, оддел, сектор, главна индустриска група и вкупен индекс
P (ti)  - цена на производот/услугата "i" во тековниот месец
P (oi) - цена на производот/услугата "i" во базниот период
W (oi) - пондер на производот/услугата "i" во базниот период
n - број на производи/услуги

Индексот на продажните цени на производителите на индустриски производи/услуги на странски пазари, на различно ниво според Националната класификација на дејностите (вкупно, по главни индустриски групи, сектори, оддели, групи), се пресметува во два чекора:
- во првиот чекор се пресметуваат индивидуални индекси за секој производ/услуга (на најниско ниво од 10 цифри од Царинската номенклатура плус 2 цифри од спецификацијата) за секоја индивидуална цена, како однос помеѓу цената од тековниот месец со цената од базниот период;
- во вториот чекор индивидуалните индекси за секој производ/услуга се сумираат со пондерирање на повисоко ниво (групи, оддели, сектори, по главни индустриски групи, вкупно).

(2) Покрај месечниот индекс како основен индекс, се пресметуваат и објавуваат следните индекси:
- индекс од тековниот месец во однос на индексот од претходниот месец,
- индекс од тековниот месец во однос на индексот од декември од претходната година,
- индекс од тековниот месец во однос на индексот од истиот месец од претходната година,
- просечен месечен индекс заклучно со тековниот месец во однос на истиот просечен месечен индекс од   претходната година.

(3) Исто така, се пресметуваат и објавуваат и агрегирани индекси на продажните цени на производителите на индустриски производи/услуги на странски пазари според НКД Рев.2:
- вкупен индекс,
- индекси за 3 главни индустриски групи и 2 подгрупи,
- индекси за 2 сектори                                                                                                                                                                      - индекси за 23 оддели.

 

Публикување

Месечно:
- Соопштение „Индекси на продажните цени на производителите на индустриски производи на странски пазари“
- Издание „Месечен статистички извештај“
- МАКСтат-база на податоци.

Годишно:
- Статистички годишник на РМ.

Усогласеност со регулативите на ЕУ


Методологијата за пресметка на индексите на продажните цени на производителите на индустриски производи на странски пазари е усогласена со „Методологијата за краткорочни деловни статистики” на Евростат, за следниве варијабли:
- 312 Продажни цени на производителите на индустриски производи на странски пазари.




Последно ажурирање: 25.03.2024

 
Претходни методолошки објаснувањаДатум
Преземи 25.03.2024
Преземи 21.03.2018
Преземи 15.03.2017
Преземи 28.04.2016
Преземи 16.03.2015
Преземи 15.06.2012
  

  Соопштенија
 
 
  Последно соопштение

  Методолошко објаснување за соопшението од областа: Цени 
  
  Индекси на продажните цени на производителите на индустриски производи на домашниот пазар
  Индекси на продажните цени на производителите на индустриски производи на странски пазари
  Индекси на продажните цени на производителите на индустриски производи, вкупно
  Индекси на увозни цени од одделот Кокс и рафинирани нафтени производи (19)
  Индекси на трошоците во градежништвото за нови објекти за индивидуално домување
  Индекси на цените во угостителството
  Индекси на цените во земјоделството
  Индекси на цените на мало и на трошоците на животот
  Индекси на трошоците на животот според COICOP и цени на мало
  Цени на земјоделските производи на зелените пазари, пазарите на големо и на добиточните пазари
  Откуп и продажба на земјоделски производи, тримесечни податоци


   


© Државен завод за статистика