Skip Navigation LinksНасловна Статистики по области Соопштенија по области

Веб-страницата www.stat.gov.mk користи колачиња кои се потребни за целосна функционалност на страницата. Со Вашето присуство на нашата веб-страница се подразбира дека се согласувате за користењето на овие колачиња. За повеќе детали прочитајте ја Политиката за колачиња.


              

Соопштението е од областа: Население





Наталитетот во Република Северна Македонија во 2022 година

среда, 07 јуни 2023


Според податоците на Државниот завод за статистика, во 2022 година, во Република Северна Македонија се родени вкупно 18 183 деца, од кои живородени се 18 073, а мртвородени 110. Бројот на живородените деца во 2022, во споредба со минатата година, е намален за 3.1 %. Во структурата според пол, кај живородените деца машките имаат поголемо учество, и тоа од 51.2 %, односно на 100 живородени женски деца 104.8 се машки. Според месецот на раѓање, најголем број раѓања, 1 717, имало во месец јули. Според возраста на мајката, најголемо учество од 33.2 % имаат живородените деца од мајки на возраст од 25 до 29 години. Просечната возраст на мајката при вкупниот број раѓања изнесува 29.4 години, а кај прворотките 27.7 години. Генерациска година на раѓање на мајката која се појавува како најфреквентна при раѓањето на детето е 1993 година. Во 2022 година се регистрирани 17 живородени деца од мајки на возраст помала од 15 години. Вонбрачни живородени деца се 2 298 или 12.7 % од вкупниот број на живородените деца.





  Преземи го соопштението во целост

  Преземи табели

Податоците во објавеното соопштение се бесплатни. При користење, ве молиме наведете го изворот.

За подетални информации јавете на:

контакт тел: +389 2 3295 666 

е-пошта: press@stat.gov.mk 

  




© Државен завод за статистика