+A   |  -A
Skip Navigation LinksНасловна Статистики по области Соопштенија по области
Веб-страницата www.stat.gov.mk користи колачиња кои се потребни за целосна функционалност на страницата. Со Вашето присуство на нашата веб-страница се подразбира дека се согласувате за користењето на овие колачиња. За повеќе детали прочитајте ја Политиката за колачиња.


              

Соопштението е од областа: Деловни тенденции





Деловни тенденции во преработувачката индустрија, јануари 2021 година

понеделник, 15 февруари 2021


Според оценката на раководителите на деловните субјекти, индикаторот на доверба во преработувачката индустрија во јануари 2021 година е зголемен за 0.1 процентeн поен во однос на декември 2020 година и изнесува 13.8, а во однос на јануари 2020 година е намален за 8.8 процентни поени.

Состојбата на обезбеденоста на производството со порачки во јануари 2021, во однос на декември 2020 година, е поповолна, очекувањата за обемот на производството во наредните три месеци се поповолни во однос на претходниот месец, а залихите на готовите производи се зголемени.

Оценката за економската состојба на деловните субјекти во јануари 2021 година е поповолна во однос на претходниот месец, а понеповолна во однос на јануари 2020 година. Се очекува бројот на вработените да се намали.

Просечното искористување на капацитетите на деловните субјекти во јануари 2021 година изнесува 69.4 % од нормалното искористување.

Најголемо влијание врз ограничувањето на обемот на производството имаат следните фактори: недоволната странска побарувачка со 21.7 %, неизвесното економско опкружување со 16.6 %, недостигот на квалификувана работна сила со 15.8 % и недоволната домашна побарувачка со  14.5 %.

 





  Преземи го соопштението во целост

  Преземи табели

Податоците во објавеното соопштение се бесплатни. При користење, ве молиме наведете го изворот.

За подетални информации јавете на:

контакт тел: + 389 2 3295 666 

е-пошта: press@stat.gov.mk 

  




© Државен завод за статистика