+A   |  -A
Skip Navigation LinksНасловна Статистики по области Соопштенија по области
Веб-страницата www.stat.gov.mk користи колачиња кои се потребни за целосна функционалност на страницата. Со Вашето присуство на нашата веб-страница се подразбира дека се согласувате за користењето на овие колачиња. За повеќе детали прочитајте ја Политиката за колачиња.


              

Соопштението е од областа: Образование и наука





Запишани студенти на високите стручни школи и факултетите во Република Северна Македонија во академската 2020/2021 година (прв циклус на студии)

вторник, 06 јули 2021


Според податоците на Државниот завод за статистика, добиени врз основа на пристигнатите извештаи, во Република Северна Македонија, во академската 2020/2021 година се запишани вкупно 50 881 студент, што претставува намалување за 1.7 % во однос на академската 2019/2020 година.

Бројот на запишани студентки изнесува 29 482 или 57.9 %.

Најголем број студенти (83.8 %) се запишани на државните високообразовни установи, додека 15.5 % се запишани на приватните високообразовни установи.

Прва година на студии, во академската 2020/2021 година, запишале 12 365 студенти или 24.3 % (тука се опфатени и студентите што запишуваат прва година по втор, трет и повеќепати).





  Преземи го соопштението во целост

  Преземи табели

Податоците во објавеното соопштение се бесплатни. При користење, ве молиме наведете го изворот.

За подетални информации јавете на:

контакт тел: +389 2 3295 666 

е-пошта: [email protected] 

  




© Државен завод за статистика