Skip Navigation LinksНасловна Статистики по области Соопштенија по области

Веб-страницата www.stat.gov.mk користи колачиња кои се потребни за целосна функционалност на страницата. Со Вашето присуство на нашата веб-страница се подразбира дека се согласувате за користењето на овие колачиња. За повеќе детали прочитајте ја Политиката за колачиња.


              

Соопштението е од областа: Социјална и здравствена заштита





Домови и интернати за ученици и студенти, 2021/2022 година

среда, 20 јули 2022


Според податоците на Државниот завод за статистика, во 2021/2022 година, вкупниот број ученици и студенти сместени во домовите за ученици во основното и во средното образование и во студентските домови изнесува 5516, што претставува зголемување за 46.9 % во однос на 2020/2021 година. Во домовите за ученици што посетуваат средни верски училишта се сместени 150 ученици.

Со годишните извештаи се опфатени 36 домови: домовите за ученици во основните училишта, домовите за ученици во средните училишта, домовите за ученици во средните верски училишта и студентските домови.

Домовите за ученици и студентските домови обезбедуваат сместување, исхрана и воспитание на ученици и студенти кои за време на школувањето се надвор од местото на постојано живеење на родителите/издржувателите.





  Преземи го соопштението во целост

  Преземи табели

Податоците во објавеното соопштение се бесплатни. При користење, ве молиме наведете го изворот.

За подетални информации јавете на:

контакт тел: +389 2 3295 666 

е-пошта: press@stat.gov.mk 

  




© Државен завод за статистика