Skip Navigation LinksНасловна Статистики по области Соопштенија по области

Веб-страницата www.stat.gov.mk користи колачиња кои се потребни за целосна функционалност на страницата. Со Вашето присуство на нашата веб-страница се подразбира дека се согласувате за користењето на овие колачиња. За повеќе детали прочитајте ја Политиката за колачиња.


              

Соопштението е од областа: Животна средина





Сметки на физички енергетски текови, 2021/2022 година - претходни податоци

четврток, 26 декември 2024


Во 2022 година нето-домашното користење на енергија изнесувало 117 269 тераџули (ТЈ) и се зголемило за 2.4 % во споредба со 2021 година. Најголем пораст од 29.5 % бил забележан во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација, следен од секторот Транспорт и складирање со 3.6 %. Во секторот Преработувачка индустрија се намалило за 20.8 %, додека пораст бил забележан во секторот Рударство и вадење на камен за 1.5 % и во секторот Земјоделство, шумарство и рибарство за 1.3 %. Во останатите сектори на економска активност се намалило за 4.7 %, додека во домаќинствата се намалило за 6.0 %.

Енергијата искористена од природни ресурси се зголемила за 17.4 %. Вкупно 43 572 ТЈ од енергијата била добиена од природни ресурси, што е зголемување за 17.4 % во однос на 2021 година. Најмногу, 29 770 ТЈ или 68.3 % од целокупната оваа енергија била добиена во секторот Рударство и вадење на камен, потоа во секторот Земјоделство, шумарство и рибарство 7 194 ТЈ или 16.5 % и во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација со 6 608 ТЈ или 15.2 %.

Во 2022 година, резидентите во странство користеле 6 970 ТЈ енергија (гориво купено во странство за воздушниот и патничкиот сообраќај), што е 35.1 % повеќе во однос на претходната година. Нерезидентите во Република Северна Македонија користеле 6 363 ТЈ енергија (гориво купено на територијата за воздушниот и патничкиот сообраќај), што е 35.7 % повеќе отколку во претходната година.





  Преземи го соопштението во целост

  Преземи табели

Податоците во објавеното соопштение се бесплатни. При користење, ве молиме наведете го изворот.

За подетални информации јавете на:

контакт тел: +389 2 3295 666 

е-пошта: press@stat.gov.mk 

  




© Државен завод за статистика