Skip Navigation LinksНасловна Статистики по области Соопштенија по области

Веб-страницата www.stat.gov.mk користи колачиња кои се потребни за целосна функционалност на страницата. Со Вашето присуство на нашата веб-страница се подразбира дека се согласувате за користењето на овие колачиња. За повеќе детали прочитајте ја Политиката за колачиња.


              

Соопштението е од областа: Сточарство и рибарство





Риболов и аквакултура, 2023 година

петок, 31 мај 2024


Според податоците на Државниот завод за статистика, во 2023 година, вкупниот улов на риба изнесува 2 073 341 кг и
во однос на 2022 година е поголем за 0.8 %.
Во вкупниот улов, ладноводните риби учествуваат со 77.0 % и топловодните риби со 23.0 %. Во однос на 2022 година,
уловот на ладноводната риба е намален за 6.0 %, а уловот на топловодната риба е поголем за 33.1 %.
Аквакултурното производство изнесува 1 873 619 кг и учествува со 90.4 % во вкупниот улов на риба. Во 2023 година,
во однос на 2022 година, забележано е зголемување на аквакултурното производство и намалување кај стопанскиот
и рекреативниот улов.
Во 2023 година биле произведени 121 милион парчиња икра со вкупна тежина од 189 530 кг, што е намалување за
7.5 % во однос на 2022 година. Од видовите риба како подмладок најмногу се одгледува виножитната риба.
За одгледување риба најмногу се користат рибници, базени, канали и кафези.
Бројот на вработените во производството на риба во 2023 година изнесува 222 лица, од кои 201 се мажи. Во 2023
година, со рекреативен риболов се занимавале 9 223 лица, од кои само 66 се жени.




  Преземи го соопштението во целост

  Преземи табели

Податоците во објавеното соопштение се бесплатни. При користење, ве молиме наведете го изворот.

За подетални информации јавете на:

контакт тел: +389 2 3295 666 

е-пошта: press@stat.gov.mk 

  




© Државен завод за статистика