+A   |  -A
Skip Navigation LinksНасловна Статистики по области Соопштенија по области

Веб-страницата www.stat.gov.mk користи колачиња кои се потребни за целосна функционалност на страницата. Со Вашето присуство на нашата веб-страница се подразбира дека се согласувате за користењето на овие колачиња. За повеќе детали прочитајте ја Политиката за колачиња.


              

Соопштението е од областа: Попис на населението





Попис на населението, домаќинствата и становите во Република Северна Македонија, 2021 - прв сет на податоци

среда, 30 март 2022


Почитувани корисници,

Во Соопштението Попис на населението, домаќинствата и становите во Република Северна Македонија, 2021 – прв сет на податоци, објавено на 30 март 2022 година, во Табела 9 - Вкупно резидентно население во Република Северна Македонија според изјаснувањето за религиската припадност, по пол - Попис 2021, направена е техничка грешка со тоа што во редовите „Не е верник (атеист)“ и „Евангелско протестантски христијани“ е направена пермутација на податоците.

Од тие причини е направена корекција во табелата, а воедно сите појави под 500 не се прикажани во табелата поради ограничениот простор.

Се извинуваме за направената грешка.

Државен завод за статистика

Вкупното попишано население изнесува 2 097 319 лица.

Вкупното резидентно население изнесува 1 836 713 лица.

Вкупното нерезидентно население во кое спаѓаат државјаните на Република Северна Македонија отсутни во странство повеќе од 12 месеци и странците времено присутни во Република Северна Македонија помалку од 12 месеци, изнесува 260 606 лица опфатени со Пописот.

Бројот на лицата за кои податоците се преземени од административни извори изнесува 132 260 или 7.20% од резидентното население.

Во вкупно попишаното население, 54.21 % се изјасниле како Македонци, 29.52 % како Албанци, 3.98 % како Турци, 2.34 % како Роми, 1.18 % како Срби, 0.87 % како Бошњаци и 0.44 % како Власи.

Во вкупното резидентно население во Република Северна Македонија, 58.44 % од населението се изјасниле како Македонци, 24.30 % како Албанци, 3.86 % како Турци, 2.53 % како Роми, 0.47 % како Власи, 1.30 % како Срби и 0.87 % како Бошњаци.

Во вкупното нерезидентно население опфатено со Пописот, во кое спаѓаат државјаните на Република Северна Македонија отсутни во странство повеќе од 12 месеци и странците времено присутни во Република Северна Македонија помалку од 12 месеци, 24.45 % се изјасниле како Македонци, 66.36 % како Албанци, 4.79 % како Турци, 1.02 % како Роми, 0.19 % како Власи, 0.35 како % Срби, 0.81 % како Бошњаци и др.

Бројот на странци времено присутни во Република Северна Македонија помалку од 12 месеци изнесува 1674 лица.

Во вкупното резидентно население на Република Северна Македонија, 50.4 % се жени, а 49.6 % се мажи.

Според возрасната структура, најголем процент од населението 7% - се во возрасната група од 40 до 44 години. Куриозитет е што во Северна Македонија е попишанo 51 лицe на возраст над 100 години.

Според религиската припадност, 46.14 % се изјасниле како православни, 32.17 % како муслимани (ислам), 0.37 % како католици, а во овој Попис се појавија и други религиски заедници кои ги немаше во претходните пописи, а тоа се: евангелско протестантски христијани, агностици, будисти и други.

61.38 % од попишаното население се изјасниле дека мајчин јазик им е македонскиот, 24.34 % албански мајчин јазик,

3.41 % турски, 1.73 % ромски, 0.17 %, влашки, 0.61 % српски и 0.85 % босански јазик.

Бројот на домаќинства изнесува 598 632, а просечниот број на членови на домаќинствата изнесува 3.06.

Мноштво детални податоци од Пописот 2021 можете да најдете во Макстат базата на податоци на веб-страницата www.stat.gov.mk каде што во наредниот период ќе се објавуваат сетови на табели со податоци од Пописот 2021.

 

 





  Преземи го соопштението во целост

  Преземи табели

Податоците во објавеното соопштение се бесплатни. При користење, ве молиме наведете го изворот.

За подетални информации јавете на:

контакт тел: +389 2 3295 666 

е-пошта: press@stat.gov.mk 

  




© Државен завод за статистика