Skip Navigation LinksНасловна Статистики по области Соопштенија по области

Веб-страницата www.stat.gov.mk користи колачиња кои се потребни за целосна функционалност на страницата. Со Вашето присуство на нашата веб-страница се подразбира дека се согласувате за користењето на овие колачиња. За повеќе детали прочитајте ја Политиката за колачиња.


              

Соопштението е од областа: Бруто-домашен производ





Бруто-домашен производ на Република Северна Македонија во 2021 година -дефинитивни податоци

петок, 29 септември 2023


Според дефинитивните податоци на Државниот завод за статистика, добиени од годишните сметки на деловните
субјекти и од други извори, бруто-домашниот производ во 2021 година изнесува 729 445 милиони денари и во однос
на 2020 година е номинално зголемен за 9.0 %. Реалната стапка на раст на БДП во 2021, во однос на 2020 година,
изнесува 4.5 %.
Најголемо учество на додадената вредност со 19.6 % во структурата на БДП, во 2021 година, имаат секторите: Е, Ж и З
– Трговија на големо и трговија на мало; поправка на моторни возила и мотоцикли; Транспорт и складирање; Објекти
за сместување и сервисни дејности со храна.
Финалната потрошувачка во 2021 година, во однос на 2020 година, номинално порасна за 10.1 %, а во структурата на
БДП учествува со 83.6 %.
Учеството на извозот на стоки и на услуги во структурата на БДП во 2021 година изнесува 65.4 %.
Вредноста на инвестициите во основни средства во 2021 година изнесува 171 094 милиони денари.
Во техничката структура на инвестициите во основни средства, градежните работи учествуваат со 56.9 %, машините
и опремата со 33.5 %, а останатите инвестиции со 9.6 %.




  Преземи го соопштението во целост

  Преземи табели

Податоците во објавеното соопштение се бесплатни. При користење, ве молиме наведете го изворот.

За подетални информации јавете на:

контакт тел: +389 2 3295 666 

е-пошта: press@stat.gov.mk 

  




© Државен завод за статистика