Skip Navigation LinksНасловна Статистики по области Соопштенија по области

Веб-страницата www.stat.gov.mk користи колачиња кои се потребни за целосна функционалност на страницата. Со Вашето присуство на нашата веб-страница се подразбира дека се согласувате за користењето на овие колачиња. За повеќе детали прочитајте ја Политиката за колачиња.


              

Соопштението е од областа: Животна средина





Јавен водовод и јавна канализација, 2023 година

понеделник, 24 јуни 2024


Според податоците на Државниот завод за статистика, во 2023 година во јавниот водовод биле зафатени и преземени 293 191 илјада м3 вода за снабдување, што е за 2.3 % помалку во однос на  2022 година. Од вкупното зафатено количество вода, најмногу вода, 63.4 %, е зафатено од изворски води, а најмалку, 1.0 %, од езера.

Вкупното количество испорачана вода од јавен водовод во 2023 година било за 0.9 % помалку во однос на претходната година. Според структурата на потрошувачката на вода, најголеми потрошувачи биле домаќинствата, кои потрошиле 68.9 % од вкупната испорачана вода од јавен водовод.

Вкупното количество отпадни води во 2023 година било за 0.4 % помало во однос на 2022 година.

Од вкупното количество испуштени води во 2023 година, непречистени биле 72.2 %, а пречистени 27.8 % од отпадните води.





  Преземи го соопштението во целост

  Преземи табели

Податоците во објавеното соопштение се бесплатни. При користење, ве молиме наведете го изворот.

За подетални информации јавете на:

контакт тел: +389 2 3111 336 

е-пошта: press@stat.gov.mk 

  




© Државен завод за статистика