Skip Navigation LinksНасловна Статистики по области Соопштенија по области

Веб-страницата www.stat.gov.mk користи колачиња кои се потребни за целосна функционалност на страницата. Со Вашето присуство на нашата веб-страница се подразбира дека се согласувате за користењето на овие колачиња. За повеќе детали прочитајте ја Политиката за колачиња.


              

Соопштението е од областа: Внатрешна трговија





Промет во трговијата на големо и на мало, по групи производи, 2023 година

петок, 20 декември 2024


Според податоците на Државниот завод за статистика, прометот во трговијата на големо во земјата, по групи производи, во 2023 година изнесува 765 633 013 илјади денари.

Во рамките на одделот Трговија на големо, освен моторни возила и мотоцикли, во кој се реализирани 97.2 % од прометот во вкупната трговија на големо, најголемо учество од 25.7 % има прометот остварен од продажбата на цврсти, течни и гасовити горива и сродни производи (огревно дрво, камен јаглен, дрвен јаглен, лигнит, моторен бензин, керозин, гасни масла, масла за ложење), потоа следи прометот од продажба на фармацевтски производи со 10.5 % и шеќер, чоколада и кондиторски производи со 9.0 %.

Прометот од продажбата на Компјутери, компјутерска периферна опрема и софтвер (компјутери, мобилни компјутери – лаптоп, ноутбук, монитори, печатачи, софтвер, видеоигри) учествуваат со 7.6 % во вкупниот промет во трговијата на големо, освен моторни возила и мотоцикли.

Прометот од одделот Трговија со моторни возила учествува со 2.8 % во вкупниот промет во трговијата на големо, а во рамките на овој оддел прометот од автомобили и моторни возила (нови и употребувани) од лесна категорија учествува со 33.0 % и прометот од продажба на делови и прибор за моторни возила (гуми, делови и прибор) учествува со 42.7 %.

Прометот во трговијата на мало, по групи производи, во 2023 година изнесува 387 754 620 илјади денари. Во рамките на одделот Трговија на мало, освен моторни возила и моторцикли, во кој се реализирани 94.9 % од прометот во вкупната трговија на мало, најголемо учество од 24.2 % има прометот од продажба на автомобилски горива, потоа следат прометот од продажбата на останата трговија во неспецијализирани продавници со 8.4 %, фармацевтски производи (лекови: фармацевтски производи и препарати – витамини, антибиотици, серуми и вакцини – само за човечка употреба) со 6.0 %, производи од месо со 4.5 %, тутунски производи со 4.4 %, електрични апарати за домаќинствата со 4.1 %, други прехранбени производи, неспоменати на друго место со 3.9 %, месо со 2.7 %, облека со 2.3 %, компјутери, периферни единици и софтвер со 2.3 %, кондиторски производи со 2.0 %, текстил со 2.0 %, трговија на мало со алкохолни пијалаци со 2.0 %, трговија на мало со други пијалаци 1.9 % и градежен материјал, неспоменат на друго место со 1.8 %.

Прометот од одделот Трговија со моторни возила, мотоцикли, резервни делови учествува со 5.1 % во вкупниот промет во трговијата на мало, во кој најголем промет е реализиран од продажбата на делови и прибор на моторни возила во специјализирани продавници (45.5 %) и од продажбата на моторни возила (нови) во специјализирани продавници (45.2 %).

Прометот во трговијата на мало според региони најмногу е реализиран во Скопскиот Регион (52.5 %), додека најмал промет во трговијата на мало е реализиран во Источниот Регион (1.7 %).

Најголем број продавници во трговијата на мало има во Пелагонискиот Регион, 21.3 % од вкупниот број продавници, а најмал број продавници има Североисточниот Регион, односно 5.4 %.





  Преземи го соопштението во целост

  Преземи табели

Податоците во објавеното соопштение се бесплатни. При користење, ве молиме наведете го изворот.

За подетални информации јавете на:

контакт тел: +389 2 3295 666 

е-пошта: press@stat.gov.mk 

  




© Државен завод за статистика