Според податоците на Државниот завод за статистика, во 2022 година, од вкупниот број лица на возраст од 18
до 69 години во Република Северна Македонија, 346 155 посетувале образование и доживотно учење, од кои
167 826 (48.5 %) се мажи, а 178 329 (51.5%) се жени. Најголемо учество во образованието (28.1 %) имаат лицата на
возраст од 18 до 24 години, додека најмалку (0.3 %) се застапени лицата на возраст од 65 до 69 години. Стапката
на лица кои учествувале во образование и обука, во 2022 година, изнесува 27.7, додека кај лицата на возраст од
25 до 34 години стапката изнесува 37.2. Од лицата кои посетувале формално или неформално образование, 35.8 %
(124 001) посетувале формално образование, додека 71.8 % (248 582) посетувале неформално образование. Со
више и високо образование, формално образование посетувале 21.9 % од лицата, додека неформално образование
посетувале 51.1 %. Според економската активност, 41.2 % вработени лица посетувале формално образование, додека
93.6 % посетувале неформално образование. Според видот на активноста, од вкупниот број лица кои посетувале
неформално образование, 48.7 % имале обука на работното место, 37.8 % посетувале курсеви, додека 29.1 %
учествувале на работилници и семинари. Вработените лица (52.0 %) најмногу посетувале обука на работното место,
додека неактивното население не посетувалo никаква обука. Учеството во неформалното образование поради
поврзаноста со работата е најмногу забележливо кај лицата на возраст од 35 до 44 години (29.7 %), а според половата
структура поголем процент жени на возраст од 35 до 44 години (31.0 %) посетувале неформално образование поради
поврзаност со работата, во споредба со мажите, кај кои тој процент е помал (28.4%). Во текот на 2022 година, 626 169
лица биле вклучени во процесот на информално учење. Од нив 49.4 % се мажи, додека 50.6% се жени, а најголемо
учество во овој процес на учење е забележано кај лицата на возраст од 25 до 34 години.