Skip Navigation LinksНасловна Статистики по области Соопштенија по области

Веб-страницата www.stat.gov.mk користи колачиња кои се потребни за целосна функционалност на страницата. Со Вашето присуство на нашата веб-страница се подразбира дека се согласувате за користењето на овие колачиња. За повеќе детали прочитајте ја Политиката за колачиња.


              

Соопштението е од областа: Образование и наука





Деловни субјекти според иновативностa, 2020 – 2022

среда, 15 мај 2024


Според податоците на Државниот завод за статистика, учеството на иновативните деловни субјекти во вкупниот број деловни субјекти, во периодот 2020 – 2022 година, изнесува 29.87 %. Според големината на деловните субјекти, иновативноста кај малите деловни субјекти изнесува 27.99 %, кај средните деловни субјекти 36.51 % , а кај големите деловни субјекти изнесува 40.37 %.

Најмногу иновации има во групата Останати стручни, научни и технички дејности (80.95 %), потоа во секторите Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација (52.38 %), Финансиски дејности и дејности на осигурување (48.72 %), а најмал процент на иновации има во групата Маркетинг (реклами и пропаганда) и истражување на пазарот (18.6 %).





  Преземи го соопштението во целост

  Преземи табели

Податоците во објавеното соопштение се бесплатни. При користење, ве молиме наведете го изворот.

За подетални информации јавете на:

контакт тел: +389 2 3295 666 

е-пошта: press@stat.gov.mk 

  




© Државен завод за статистика