Skip Navigation LinksНасловна Статистики по области Соопштенија по области

Веб-страницата www.stat.gov.mk користи колачиња кои се потребни за целосна функционалност на страницата. Со Вашето присуство на нашата веб-страница се подразбира дека се согласувате за користењето на овие колачиња. За повеќе детали прочитајте ја Политиката за колачиња.


              

Соопштението е од областа: Цени





Индекси на продажните цени на производителите на индустриски производи, вкупно, октомври 2024 година

вторник, 10 декември 2024


Според податоците на Државниот завод за статистика, во октомври 2024 година, продажните цени на производителите
на индустриски производи, вкупно, на месечно ниво се повисоки за 0.7 %, а на годишно ниво за 5.1 %.
Во октомври 2024, во споредба со септември 2024 година, продажните цени на производителите на индустриски
производи, вкупно, се повисоки во секторот Рударство и вадење на камен за 4.2 %, во секторот Преработувачка
индустрија за 0.6 %, во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација се пониски за
0.1 %, додека во секторот Снабдување со вода; отстранување на вода, управување со отпад и дејности за санација
на околината остануваат непроменети.
Во октомври 2024, во споредба со октомври 2023 година, продажните цени на производителите на индустриски
производи, вкупно, се повисоки во секторот Рударство и вадење на камен за 7.6 %, во секторот Преработувачка
индустрија за 4.4 %, во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација за 15.9 % и во
секторот Снабдување со вода; отстранување на вода, управување со отпад и дејности за санација на околината за
4.5 %.




  Преземи го соопштението во целост

  Преземи табели

Податоците во објавеното соопштение се бесплатни. При користење, ве молиме наведете го изворот.

За подетални информации јавете на:

контакт тел: +389 2 3295 666 

е-пошта: press@stat.gov.mk 

  




© Државен завод за статистика