+A   |  -A
Skip Navigation LinksНасловна Статистики по области Соопштенија по области
Веб-страницата www.stat.gov.mk користи колачиња кои се потребни за целосна функционалност на страницата. Со Вашето присуство на нашата веб-страница се подразбира дека се согласувате за користењето на овие колачиња. За повеќе детали прочитајте ја Политиката за колачиња.


              

Соопштението е од областа: Пазар на труд





Слободни работни места во првото тримесечје од 2021 година

вторник, 01 јуни 2021


Според податоците на Државниот завод за статистика, во првото тримесечје од 2021 година, стапката на слободни работни места изнесува 1.58 %.

Највисока стапка на слободни работни места од 4.98 % има секторот Ѓ - Градежништво, додека најмала е стапката во секторот Г - Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација, во кој изнесува 0.15 %.

Деловните субјекти со број на вработени од 3 до 9 имаат највисока стапка на слободни работни места, која изнесува 2.39 %.

Скопскиот Регион има највисока стапка на слободни работни места, која изнесува 1.80 %.

Најголем број слободни работни места, односно 2 103, има во петтата група занимања – Работници во услужни дејности и продажба.





  Преземи го соопштението во целост

  Преземи табели

Податоците во објавеното соопштение се бесплатни. При користење, ве молиме наведете го изворот.

За подетални информации јавете на:

контакт тел: +389 2 3295 666 

е-пошта: press@stat.gov.mk 

  




© Државен завод за статистика