Соопштението е од областа:
Информатичко општество
Пристап на интернет во 2009 година имале 99,4% од ентитетите во јавниот сектор (од централната и од локалната власт)
четврток, 31 декември 2009
Според податоците на Државниот завод за статистика, во 2009 година, најчесто поврзување на интернет било преку DSL технологиите (ADSL и др.) што е регистрирано кај 70,3% од субјектите во јавниот сектор со пристап на интернет.
Локална компјутерска мрежа LAN, базирана на жично поврзување, имале 93,4%, додека
безжичен LAN имале 33,1% од субјектите во јавниот сектор. Интранет, внатрешна компјутерска мрежа базирана на интернет протокол, имале 50,6%, а екстранет, односно дозволен пристап на надворешни корисници до делови од интранетот, имале 26,5% од субјектите во јавниот сектор.
Своја веб-страница имале 84,2% од субјектите во јавниот сектор со интернет пристап.
Од субјектите со интернет пристап, најмногу, 98,2%, интернетот го користеле за добивање разни информации, а 92,7% за давање информации за своето работење. Исто така, во овој сектор, 78,8% интернетот го користеле за интеракции со органите на власта, односно јавната администрација.
Преземи го соопштението во целост
Податоците во објавеното соопштение се бесплатни. При користење, ве молиме наведете го изворот.
За подетални информации јавете на:
контакт тел:
+389 2 3295 856
е-пошта:
lidijatd@stat.gov.mk
|