Веб-страницата www.stat.gov.mk користи колачиња кои се потребни за целосна функционалност на страницата. Со Вашето присуство на нашата веб-страница се подразбира дека се согласувате за користењето на овие колачиња. За повеќе детали прочитајте ја
Политиката за колачиња.
Соопштението е од областа:
Попис на угостителските објекти
Попис на угостителските капацитети, 2016
- Први резултати
вторник, 14 февруари 2017
Пописот на капацитетите во угостителството се спроведе заедно со Пописот на капацитетите во трговијата на мало, во периодот од 1 до 12 ноември 2016 година, на целата територија на Република Македонија. Целта на Пописот беше да се обезбедат податоци на ниво на целата земја за бројот, видот, големината, структурата, просторот и вработените во угостителските објекти. Во областа на угостителството, според првите резултати од спроведениот Попис, во Република Македонија се попишани 4 948 капацитети и тоа: 4 378 угостителски објекти-дуќани и 570 објекти за сместување на гости. Најголема концентрација на угостителски објекти има на територијата на Скопскиот регион каде што се попишани 1 314 објекти или 26.6% од вкупно попишаните објекти на територијата на Република Македонија. Општини со најголема концентрација на угостителски објекти се: Тетово 10.2%, Центар 7.8%, Куманово 5.2%, Гостивар 4.9%, Охрид 4.8%, Битола 4.2%, Струга 3.8%, Карпош 3.5%, Чаир 3.2% и Прилеп 2.9%, каде што се лоцирани вкупно 50.5% од угостителските капацитети во Република Македонија.
Преземи го соопштението во целост
Преземи табели
Податоците во објавеното соопштение се бесплатни. При користење, ве молиме наведете го изворот.
За подетални информации јавете на:
контакт тел:
+389 2 3295 666
е-пошта:
[email protected]
|
© Државен завод за статистика