Веб-страницата www.stat.gov.mk користи колачиња кои се потребни за целосна функционалност на страницата. Со Вашето присуство на нашата веб-страница се подразбира дека се согласувате за користењето на овие колачиња. За повеќе детали прочитајте ја
Политиката за колачиња.
Соопштението е од областа:
Животна средина
Создаден отпад според секторите на економска активност, 2010 година
четврток, 14 јуни 2012
Според податоците на Државниот завод за статистика, вкупното количество на создаден отпад во секторите Рударство и вадење на камен, Преработувачка индустрија и Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација во Република Македонија, во 2010 година, изнесува 1 876 208. 41 тон. Најголемо количество отпад (1 017 007. 14 тони или 54.2%) е создадено во секторот Преработувачка индустрија, во одделот Производство на метали - 946 318.96 тони. Во секторот Рударство и вадење на камен се создадени 45.6% од вкупното количество отпад, додека најмало количество отпад е создадено во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација, 0.2%. Вкупното количество на создаден опасен отпад изнесува 726 191.15 тони или 38.7% од вкупното количество на создаден отпад. Најголемо количество на опасен отпад (719 048, 52 тони) e создадено во секторот Рударство и вадење на камен. Од вкупното количество на создаден отпад, 5.3% или 100 204. 14 тони се предаден отпад, односно отпад кој деловните субјекти го предале на други физички или правни лица во земјата или во странство во текот на 2010 година. Вкупното количество на примен отпад, односно отпад кој деловните субјекти го примиле од други физички или правни лица од земјата или од странство во текот на 2010 година, изнесува 331 534. 60 тони. Во текот на 2010 година се преработени 331 353. 80 тони отпад. Вкупното количество на отстранет отпад изнесува 1 775 421. 59 тони, од кои 99% се отстранети со депонирање во или над земјата.
Преземи го соопштението во целост
Преземи табели
Податоците во објавеното соопштение се бесплатни. При користење, ве молиме наведете го изворот.
За подетални информации јавете на:
контакт тел:
+389 2 3295 652
е-пошта:
suzana.stojanovska@stat.gov.mk
|
© Државен завод за статистика