Skip Navigation LinksНасловна Статистики по области Соопштенија по области

Веб-страницата www.stat.gov.mk користи колачиња кои се потребни за целосна функционалност на страницата. Со Вашето присуство на нашата веб-страница се подразбира дека се согласувате за користењето на овие колачиња. За повеќе детали прочитајте ја Политиката за колачиња.


              


Соопштението е од областа: Животна средина


Отпад според секторите на економска активност, 2016 година

петок, 30 март 2018


Според податоците на Државниот завод за статистика, вкупното количество создаден отпад според секторите на
економска активност во Република Македонија, во 2016 година, изнесува 1 437 492 тона. Најголемо количество
отпад (700 550 тони) е создадено во секторот Рударство и вадење на камен.
Вкупното количество создаден опасен отпад изнесува 57 373 тони. Најголемо количество опасен отпад e создадено
во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација - 42 723 тони.
Од вкупното количество создаден отпад, 491 338 тони се предаден отпад, односно отпад што деловните субјекти го
предале на други физички или правни лица во земјата или во странство, во текот на 2016 година.
Вкупното количество примен отпад, односно отпад што деловните субјекти го примиле од други физички или
правни лица од земјата или од странство во текот на 2016 година, изнесува 583 873 тони.
Во текот на 2016 година се преработени 8 191 тон отпад.
Вкупното количество отстранет отпад изнесува 838 052 тона.





  Преземи го соопштението во целост

  Преземи табели
Податоците во објавеното соопштение се бесплатни. При користење, ве молиме наведете го изворот.

За подетални информации јавете на:

контакт тел: +389 2 3295 666

е-пошта:  press@stat.gov.mk 
  




© Државен завод за статистика