Веб-страницата www.stat.gov.mk користи колачиња кои се потребни за целосна функционалност на страницата. Со Вашето присуство на нашата веб-страница се подразбира дека се согласувате за користењето на овие колачиња. За повеќе детали прочитајте ја
Политиката за колачиња.
Соопштението е од областа:
Животна средина
Oтпад според сектори на економска активност, 2014 година - претходни податоци -
петок, 20 ноември 2015
Според претходните податоци на Државниот завод за статистика, вкупното количество на создаден отпад според секторите на економска активност во Република Македонија во 2014 година изнесува 19 634 301.69 тони. Најголемо количество отпад (19 513 266.87 тони или 99 %) е создадено во секторот Индустрија (Преработувачка индистрија, Рударство и вадење на камен и Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација).
Во секторот Снабдување со вода; отстранување на отпадни води, управување со отпад и дејности за санација на околината се создадени 13 972.6 тони. Во останатите дејности се создадени 107 062.24 тони отпад.
Од вкупното количество на создаден отпад, 1.40 % или 8 239.35 тони се предаден отпад, односно отпад кој деловните субјекти го предале на други физички или правни лица во земјата или во странство во текот на 2014 година.
Вкупното количество на примен отпад, односно отпад кој деловните субјекти го примиле од други физички или правни лица од земјата или од странство во текот на 2014 година, изнесува 282.93 тони.
Во текот на 2014 година се преработени 783 615.77 тони отпад.
Вкупното количество на отстранет отпад изнесува 7 555 327.72 тони.
Преземи го соопштението во целост
Преземи табели
Податоците во објавеното соопштение се бесплатни. При користење, ве молиме наведете го изворот.
За подетални информации јавете на:
контакт тел:
+389 2 3295 652
е-пошта:
suzana.stojanovska@stat.gov.mk
|
© Државен завод за статистика