Skip Navigation LinksНасловна Статистики по области Соопштенија по области

Веб-страницата www.stat.gov.mk користи колачиња кои се потребни за целосна функционалност на страницата. Со Вашето присуство на нашата веб-страница се подразбира дека се согласувате за користењето на овие колачиња. За повеќе детали прочитајте ја Политиката за колачиња.


              


Соопштението е од областа: Животна средина


Годишното количество на создаден отпад од индустријата во 2008 година изнесува 1362465,63 тони

понеделник, 17 мај 2010


Според податоците на Државниот завод за статистика, вкупното количество на создаден отпад од секторот Преработувачка индустрија во 2008 година изнесува 1 362 465,63 тони. Најголемо количество отпад (1 277 616,25 тони, или 94%) е создаден во одделот - Производство на основни метали и стандардни метални производи.

Вкупната количина на создаден опасен отпад изнесува 6 440,98 тони или 0.5% од вкупната количина на создаден отпад. Најголема создадена количина на опасен отпад (4 095,5 тони) е создадена во одделот - Производство на основни метали и стандардни метални производи.

Од вкупната количина на создаден отпад, 9,3% или 126 958,61 тони се предаден отпад, односно отпад кој деловните субјекти го предале на други физички или правни лица во земјата или во странство во текот на 2008 година.

Вкупната количина на примен отпад, односно отпад кој деловните субјекти го примиле од други физички или правни лица од земјата или од странство во текот на 2008 година, изнесува 323 279,24 тони.

Во текот на 2008 година се преработени 322 650 тони отпад од индустријата.

Вкупната количина на отстранет отпад од индустријата изнесува 1 180 327,40 тони, од кој 99% е отстранет со депонирање во или над земјата.





  Преземи го соопштението во целост

  
Податоците во објавеното соопштение се бесплатни. При користење, ве молиме наведете го изворот.

За подетални информации јавете на:

контакт тел: +389 2 3295 652

е-пошта:  suzana.stojanovska@stat.gov.mk  violeta.panovska@stat.gov.mk
  




© Државен завод за статистика