Веб-страницата www.stat.gov.mk користи колачиња кои се потребни за целосна функционалност на страницата. Со Вашето присуство на нашата веб-страница се подразбира дека се согласувате за користењето на овие колачиња. За повеќе детали прочитајте ја
Политиката за колачиња.
Соопштението е од областа:
Животна средина
Создаден отпад според сектори на економска активност, 2012 година
среда, 25 јуни 2014
Според податоците на Државниот завод за статистика, вкупното количество на создаден отпад според секторите на економска активност во Република Македонија во 2012 година изнесува 8 482 814 тони. Најголемо количество отпад (6 359 846 тони или 75.0%) е создадено во секторот Снабдување со вода; отстранување на отпадни води, управување со отпад и дејности за санација на околината. Во секторот Преработувачка индустрија се создадени 1 303 806 тони отпад, и во секторот Рударство и вадење на камен се создадени 802 124 тони.
Вкупното количество на создаден опасен отпад изнесува 679 956 тони или 8.0% од вкупното количество на создаден отпад. Најголемо количество на опасен отпад (666 619 тони) e создадено во секторот Рударство и вадење на камен.
Од вкупното количество на создаден отпад, 1.78% или 151 264 тони се предаден отпад, односно отпад кој деловните субјекти го предале на други физички или правни лица во земјата или во странство во текот на 2012 година.
Вкупното количество на примен отпад, односно отпад кој деловните субјекти го примиле од други физички или правни лица од земјата или од странство во текот на 2012 година, изнесува 852 711 тони.
Во текот на 2012 година се преработени 91 905 тони отпад.
Вкупното количество на отстранет отпад изнесува 8 936 505 тони.
Преземи го соопштението во целост
Преземи табели
Податоците во објавеното соопштение се бесплатни. При користење, ве молиме наведете го изворот.
За подетални информации јавете на:
контакт тел:
+389 2 3295 652
е-пошта:
suzana.stojanovska@stat.gov.mk
|
© Државен завод за статистика