Според претходните податоци на Државниот завод за статистика, вкупната вредност на извозот на стоки од Република Северна Македонија, во периодот јануари – декември 2021 година, изнесува 426 637 967 илјади денари и бележи пораст од 19.7 % во однос на истиот период од претходната година. Вредноста на увезената стока, во периодот јануари – декември 2021 година, изнесува 594 023 223 илјади денари, што е за 26.8 % повеќе во споредба со истиот период од претходната година.
Трговскиот дефицит, во периодот јануари – декември 2021 година, изнесува 167 385 256 илјади денари.
Покриеноста на увозот со извоз, во периодот јануари – декември 2021 година, изнесува 71.8 %.
Трговската размена по производи покажува дека во извозот најголемо е учеството на катализаторите на носачи со благородни метали или нивни соединенија, сетовите на проводници за палење и слично, за возила, авиони или бродови, деловите на седишта од подгрупата 821.1 и фероникелот. Во увозот се најмногу застапени другите метали од платинската група и нивни легури, необработени или во облик на прав, нафтените масла и маслата добиени од битуменозни минерали (освен сурови), платината и легурите на платина, необработени или во прав и керамичките производи за лабораториска, хемиска и индустриска употреба.
Во периодот јануари – декември 2021 година, според вкупниот обем на надворешнотрговската размена, Република Северна Македонија најмногу тргувала со Германија, Велика Британија, Србија, Грција и Кина.
Стоковна размена изразена во евра и САД долари
Изразено во евра, вкупната вредност на извозот на стоки од Република Северна Македонија, во периодот јануари – декември 2021 година, изнесува 6 922 573 илјади евра и бележи пораст од 19.8 % во однос на истиот период од претходната година. Вредноста на увeзената стока, во истиот период, изнесува 9 638 290 илјади евра, што е за 26.9 % повеќе во споредба со истиот период од претходната година. Трговскиот дефицит, во периодот јануари – декември 2021 година, изнесува 2 715 716 илјади евра.
Вкупната вредност на извозот на стоки од Република Северна Македонија, во периодот јануари – декември 2021 година, изнесува 8 188 221 илјада САД долари и бележи пораст од 23.4 % во однос на истиот период од претходната година. Вредноста на увeзената стока, во истиот период, изнесува 11 389 548 илјади САД долари, што е за 30.8 % повеќе во споредба со истиот период од претходната година. Трговскиот дефицит, во периодот јануари – декември 2021 година, изнесува 3 201 327 илјади САД долари.