Skip Navigation LinksНасловна Статистики по области Соопштенија по области

Веб-страницата www.stat.gov.mk користи колачиња кои се потребни за целосна функционалност на страницата. Со Вашето присуство на нашата веб-страница се подразбира дека се согласувате за користењето на овие колачиња. За повеќе детали прочитајте ја Политиката за колачиња.


              


Соопштението е од областа: Информатичко општество


Користење на информатичко-комуникациски технологии во домаќинствата и кај поединците, 2013

четврток, 31 октомври 2013


Според податоците на Државниот завод за статистика, во првото тримесечје од 2013 година, 65.1% од домаќинствата имале пристап на интернет од дома, што е за 6.8 процентни поени повеќе во споредба со истиот период од 2012 година. Учеството на домаќинствата со широкопојасен интернет во вкупниот број на домаќинства е зголемено од 58.1% во 2012 година, на 65.0% во 2013 година.


Речиси сите (99.8%) од домаќинствата со интернет-пристап, имале широкопојасно (фиксно или мобилно) поврзување на интернет.


Во првото тримесечје од 2013 година, од вкупното население на возраст од 15 до 74 години, компјутер користеле 66.3%, а интернет користеле 65.4%. Интернет најмногу користеле учениците и студентите, односно 99.2%.


34.3% од корисниците на интернет во првото тримесечје од 2013 година употребиле мобилен телефон или паметен телефон за пристап на интернет надвор од дома или работа.






  Преземи го соопштението во целост

  Преземи табели
Податоците во објавеното соопштение се бесплатни. При користење, ве молиме наведете го изворот.

За подетални информации јавете на:

контакт тел: +389 2 3295 856

е-пошта:  lidija.todorovska@stat.gov 
  




© Државен завод за статистика