Според податоците на Државниот завод за статистика, од јануари 2016 година, широкопојасен пристап на интернет
(преку фиксна или мобилна конекција) имале 93.8% од деловните субјекти со десет или повеќе вработени.
Пристап на интернет преку пренослив уред, употребувајќи мобилна телефонска мрежа (3G/4G) имале 69.3% од
деловните субјекти. Ваков тип на мобилна поврзаност на интернет (преку преносливи уреди: notebook, laptop,
smartphone, PDA phone итн.), за деловна намена, користеле 14% од вработените во деловните субјекти.
52.5% од деловните субјекти користеле социјални медиуми (пр., Facebook, LinkedIn, Twitter, Present.ly, YouTube,
Flickr, Picassa, Wiki-алатки итн.), односно имале кориснички профил, сметка или лиценца за користење на одреден
социјален медиум.
Околу 53% од деловните субјекти имале веб-страница или почетна страница, од нив, 83% на веб-страницата имале
обезбедено опис на производите/услугите, ценовници, 59% имале наведено линкови/референци до нивните
профили на социјалните медиуми, а 20% обезбедиле онлајн нарачување, резервирање.
Компјутерски услуги во облак (Cloud computing services), употребени преку интернет, купиле 6.9% од деловните
субјекти.
Во 2015 година, 23.5% од деловните субјекти испратиле или примиле електронски фактури во формат соодветен
за нивна автоматска обработка.
Во текот на 2015 година, 11.4% од деловните субјекти со 10 или повеќе вработени, имале е-трговија, односно
купувале или продавале стоки или услуги преку компјутерски мрежи (преку веб или EDI), е-продажба реализирале
7.4%, а е-купувања имале 5.6% од деловните субјекти.