Skip Navigation LinksНасловна Статистики по области Соопштенија по области

Веб-страницата www.stat.gov.mk користи колачиња кои се потребни за целосна функционалност на страницата. Со Вашето присуство на нашата веб-страница се подразбира дека се согласувате за користењето на овие колачиња. За повеќе детали прочитајте ја Политиката за колачиња.


              


Соопштението е од областа: Население


Морталитетот во Република Северна Македонија во 2023 година – дефинитивни податоци

петок, 14 јуни 2024


Според податоците на Државниот завод за статистика, во Република Северна Македонија бројот на умрените во 2023
година изнесува 20187 и е намален за 10.1 % во однос на претходната година. Поголем број умрени се од машки пол,
и тоа 10640 или 52.7 % од вкупно умрените лица. Бројот на умрените доенчиња изнесува 30 и нивното учество во
вкупниот број умрени изнесува 0.1 % на 100 умрени лица.
Според месецот на смртта, најголем број случаи се во месец јануари (1976).
Просечната возраст кај умрените од машки пол изнесува 72.1 години, односно 76.5 години кај лицата од женски пол
или за 4.4 години повисока просечна возраст се бележи кај жените.
Најголемо учество имаат умрените лица од болести на циркулаторниот систем според МКБ-10 (шифра I00-I99), и тоа
43.8 % случаи од вкупно умрените, па потоа се случаите кај кои како причина за смрт се јавуваат неоплазмите (шифра
C00-D48) со 18.6 %, ендокрините, нутритивните и метаболичките болести (шифра Е00-Е90), со 7.2 %, болестите на
респираторниот систем (шифра Ј00-Ј99) се застапени со 4.7 % и следат останатите, но со помала застапеност.





  Преземи го соопштението во целост

  Преземи табели
Податоците во објавеното соопштение се бесплатни. При користење, ве молиме наведете го изворот.

За подетални информации јавете на:

контакт тел: +389 2 3295 666

е-пошта:  press@stat.gov.mk 
  




© Државен завод за статистика