Skip Navigation LinksНасловна Статистики по области Соопштенија по области

Веб-страницата www.stat.gov.mk користи колачиња кои се потребни за целосна функционалност на страницата. Со Вашето присуство на нашата веб-страница се подразбира дека се согласувате за користењето на овие колачиња. За повеќе детали прочитајте ја Политиката за колачиња.


              


Соопштението е од областа: Градежништво


Бесправно изградени објекти на територијата на Република Македонија, 2017 година

среда, 27 јуни 2018


Според податоците на Државниот завод за статистика, во текот на 2017 година, на територијата на Република
Македонија се регистрирани 762 бесправно изградени објекти.
Според видот на објектот, бесправно се изградени 138 објекти за домување1) (18.1 %), 122 доградби, надградби и
адаптации (16.0 %), 78 деловни објекти (10.2 %), 53 гаражи (7.0 %), 128 огради (16.8 %), 10 скалила (1.3 %), 15 тераси
(2.0 %), 24 летни тераси (3.1 %), 65 настрешници (8.5 %), 34 времени објекти (4.5 %) и 95 помошни објекти (12.5 %).
Најголем број бесправно изградени објекти (99.5 %) се во приватна сопственост.

1) Според намената, објектите за домување може да бидат станбени, станбено-деловни и куќи за одмор и рекреација.






  Преземи го соопштението во целост

  Преземи табели
Податоците во објавеното соопштение се бесплатни. При користење, ве молиме наведете го изворот.

За подетални информации јавете на:

контакт тел: +389 2 3295 666

е-пошта:  press@stat.gov.mk 
  




© Државен завод за статистика