+A   |  -A
Skip Navigation LinksНасловна Статистики по области Соопштенија по области

Веб-страницата www.stat.gov.mk користи колачиња кои се потребни за целосна функционалност на страницата. Со Вашето присуство на нашата веб-страница се подразбира дека се согласувате за користењето на овие колачиња. За повеќе детали прочитајте ја Политиката за колачиња.


              


Соопштението е од областа: Градежништво


Издадени одобренија за употреба на градежни објекти

четврток, 11 ноември 2010


Според податоците на Државниот завод за статистика, во третото тримесечје од 2010 се издадени 228 одобренија за употреба на градежни објекти што е за 9.1% повеќе во однос на истиот период од претходната година.

Според издадените одобренија за употреба на градежни објекти, проценетата вредност на објектите изнесува 3 268 662 илјади денари, што е за 207.5% повеќе во однос на истиот период претходната година.

Според издадените одобренија за употреба на градежни објекти, 202 (88.6%) од вкупниот број на издадени одобренија за употреба на градежни објекти се наменети за објекти од високоградба, 7 (3.1%) за објекти од нискоградба и 19 (8.3%) за објекти за реконструкција. Од вкупно 228 објекти, во 194 (85.1%) како инвеститори се јавуваат физички лица, а во 34 објекти (14.9%) инвеститори се деловни субјекти.

Во извештајниот период издадени се употреби на 428 станови, со вкупна површина од 36 248м2.





  Преземи го соопштението во целост

  
Податоците во објавеното соопштение се бесплатни. При користење, ве молиме наведете го изворот.

За подетални информации јавете на:

контакт тел: +389 2 3295 653

е-пошта:  zoran.stanojkovski@stat.gov.mk 
  



  Соопштенија
 
 
  Последно соопштение
  Сите соопштенија


 Метаподатоци


   МАКСтат База


© Државен завод за статистика