+A   |  -A
Skip Navigation LinksНасловна Статистики по области Соопштенија по области

Веб-страницата www.stat.gov.mk користи колачиња кои се потребни за целосна функционалност на страницата. Со Вашето присуство на нашата веб-страница се подразбира дека се согласувате за користењето на овие колачиња. За повеќе детали прочитајте ја Политиката за колачиња.


              


Соопштението е од областа: Градежништво


Бројот на издадени одобренија за употреба на територијата на Република Македонија во првото тримесечје од 2010 година зголемен за 12.1%

вторник, 11 мај 2010


Според податоците на Државниот завод за статистика, во првото тримесечје од 2010 се издадени 213 одобренија за употреба што е за 12.1% повеќе во однос на истиот период од претходната година.

Според издадените одобренија за употреба, 189 (88.7%) од вкупниот број на издадени одобренија за употреба се наменети за објекти од високоградба, 3 (1.4%) за објекти од нискоградба и 21 (9.9%) за објекти за реконструкција.

Од вкупно 213 објекти, на 182 (85.4%) како инвеститори се јавуваат физички лица, а на 31 објект (14.6%) инвеститори се деловни субјекти.

Во извештајниот период е издадена дозвола за употреба на 415 станови со вкупна површина од 32 952 м2.





  Преземи го соопштението во целост

  
Податоците во објавеното соопштение се бесплатни. При користење, ве молиме наведете го изворот.

За подетални информации јавете на:

контакт тел: +389 2 3295 653

е-пошта:  zoran.stanojkovski@stat.gov.mk 
  



  Соопштенија
 
 
  Последно соопштение
  Сите соопштенија


 Метаподатоци


   МАКСтат База


© Државен завод за статистика