Skip Navigation LinksНасловна Статистики по области Соопштенија по области

Веб-страницата www.stat.gov.mk користи колачиња кои се потребни за целосна функционалност на страницата. Со Вашето присуство на нашата веб-страница се подразбира дека се согласувате за користењето на овие колачиња. За повеќе детали прочитајте ја Политиката за колачиња.


              


Соопштението е од областа: Деловни тенденции


Оценка на раководителите на деловните субјекти во преработувачката индустрија за економската состојба на деловните субјекти во март 2012 година

среда, 25 април 2012


Според податоците на Државниот завод за статистика, раководителите ја оценуваат економската
состојба на деловните субјекти во март 2012 година како поповолна во однос на претходниот
месец, а поповолна и во однос на март 2011 година. Оценката за обезбеденоста на производството
со порачки е поповолна во однос на претходниот месец. Обемот на производството во март 2012
година е понеповолен во однос на претходниот месец, очекувањата за обемот на производството
во наредните три месеци се поповолни, како и очекувањата за бројот на вработените. Во март
2012 година, залихите на суровини и репроматеријали, како и тековните набавки на суровини и
репроматеријали се под и околу нормалата. Залихите на готовите производи во март 2012 година
се зголемени во споредба со претходниот месец. Просечното искористување на капацитетите на
деловните субјекти во март 2012 година изнесува 59.9% од нормалното искористување. Најголемо
влијание на ограничувањето на обемот на производство во март 2012 година имаат следните
фактори: недоволната странска побарувачка со 22.5%, недоволната домашна побарувачка со 18.4%,
финансиските проблеми со 12.7% и конкурентниот увоз со 9.0%.





  Преземи го соопштението во целост

  Преземи табели
Податоците во објавеното соопштение се бесплатни. При користење, ве молиме наведете го изворот.

За подетални информации јавете на:

контакт тел: +389 2 3295 847

е-пошта:  ketrin.strezovska@stat.gov.mk 
  




© Државен завод за статистика