Веб-страницата www.stat.gov.mk користи колачиња кои се потребни за целосна функционалност на страницата. Со Вашето присуство на нашата веб-страница се подразбира дека се согласувате за користењето на овие колачиња. За повеќе детали прочитајте ја
Политиката за колачиња.
Соопштението е од областа:
Деловни тенденции
Оценка на раководителите на деловните субјекти во преработувачката индустрија за економската состојба на деловните субјекти во октомври 2011 година
петок, 25 ноември 2011
Според податоците на Државниот завод за статистика, раководителите ја оценуваат економската состојба на деловните субјекти во октомври 2011 година како понеповолна во однос на претходниот месец, а многу поповолна во однос на октомври 2010 година. Оценката за обезбеденоста на производството со порачки е понеповолна во однос на претходниот месец. Обемот на производството на деловните субјекти во октомври 2011 година бележи пад во споредба со претходниот месец, очекувањата за обемот на производството во наредните три месеци се понеповолни, како и очекувањата за бројот на вработените. Во октомври 2011 година, залихите на суровини и репроматеријали, како и набавките на суровини и репроматеријали се под и околу нормалата. Залихите на готови производи во октомври 2011 година се зголемени во споредба со претходниот месец. Просечното искористување на капацитетите на деловните субјекти во октомври 2011 година изнесува 62.9% од нормалното искористување. Најголемо влијание на ограничувањето на обемот на производството во октомври 2011 година имаат следните фактори: недоволната странска побарувачка со 23.9%, недоволната домашна побарувачка со 17.8% финансиските проблеми со 13.3% и неизвесното економско опкружување со 9.3%.
Преземи го соопштението во целост
Податоците во објавеното соопштение се бесплатни. При користење, ве молиме наведете го изворот.
За подетални информации јавете на:
контакт тел:
+389 2 3295 847
е-пошта:
ketrin.strezovska@stat.gov.mk
|
© Државен завод за статистика