Skip Navigation LinksНасловна Статистики по области Соопштенија по области

Веб-страницата www.stat.gov.mk користи колачиња кои се потребни за целосна функционалност на страницата. Со Вашето присуство на нашата веб-страница се подразбира дека се согласувате за користењето на овие колачиња. За повеќе детали прочитајте ја Политиката за колачиња.


              


Соопштението е од областа: Деловни тенденции


Оценка на раководителите на деловните субјекти во преработувачката индустрија за економската состојба на деловните субјекти во септември 2011 година

вторник, 25 октомври 2011


Според податоците на Државниот завод за статистика, раководителите ја оценуваат економската состојба на деловните субјекти во септември 2011 година исто како и во претходниот месец, а поповолна во однос на септември 2010 година. Оценката за обезбеденоста на производството со порачки е понеповолна во однос на претходниот месец. Обемот на производството на деловните субјекти во септември 2011 година бележи пад во споредба со претходниот месец, очекувањата за обемот на производството во наредните три месеци се понеповолни, а очекувањата за бројот на вработените се исти како и во претходниот месец. Во септември 2011 година, залихите на суровини и репроматеријали, како и сегашните набавки на суровини и репроматеријали се под и околу нормалата. Залихите на готовите производи во септември 2011 година се намалени во споредба со претходниот месец. Просечното искористување на капацитетите на деловните субјекти во септември 2011 година изнесува 62.7% од нормалното искористување. Најголемо влијание на ограничувањето на обемот на производството во септември 2011 година имаат следните фактори: недоволната странска побарувачка со 19.9%, недоволната домашна побарувачка со 18.7%, финансиските проблеми со 13.1% и неизвесното економско опкружување со 7.7%.





  Преземи го соопштението во целост

  
Податоците во објавеното соопштение се бесплатни. При користење, ве молиме наведете го изворот.

За подетални информации јавете на:

контакт тел: +389 2 3295 847

е-пошта:  ketrin.strezovska@stat.gov.mk 
  




© Државен завод за статистика