Skip Navigation LinksНасловна Статистики по области Соопштенија по области

Веб-страницата www.stat.gov.mk користи колачиња кои се потребни за целосна функционалност на страницата. Со Вашето присуство на нашата веб-страница се подразбира дека се согласувате за користењето на овие колачиња. За повеќе детали прочитајте ја Политиката за колачиња.


              


Соопштението е од областа: Деловни тенденции


Оценка на раководителите на деловните субјекти во преработувачката индустрија за економската состојба на деловните субјекти во март 2011 година

среда, 27 април 2011


Според податоците на Државниот завод за статистика, раководителите ја оценуваат економската состојба на деловните субјекти во март 2011 година како поповолна во однос на претходниот месец, како и во однос на март 2010 година. Оценката за обезбеденоста на производството со порачки е поповолна во однос на претходниот месец. Обемот на производството на деловните субјекти во март 2011 година бележи пораст во споредба со претходниот месец, очекувањата за обемот на производството во наредните три месеци се поповолни, како и очекувањата за бројот на вработените. Во март 2011 година, залихите на суровини и репроматеријали, како и сегашните набавки на суровини и репроматеријали, се под и околу нормалата. Залихите на готовите производи во март 2011 година се зголемени во споредба со претходниот месец. Според оценката на раководителите, во наредниот период, просечните набавни цени на инпутите ќе се зголемат, како и продажните цени на готовите производи. Просечното искористување на капацитетите на деловните субјекти во март 2011 година изнесува 61.6% од нормалното искористување. Најголемо влијание на ограничувањето на обемот на производството во март 2011 година имаат следните фактори: недоволната странска побарувачка со 19.8%, недоволната домашна побарувачка со 17.9%, финансиските проблеми со 12.7% и неизвесното економско опкружување со 10.6%.




  Преземи го соопштението во целост

  
Податоците во објавеното соопштение се бесплатни. При користење, ве молиме наведете го изворот.

За подетални информации јавете на:

контакт тел: +389 2 3295 847

е-пошта:  ketrin.strezovska@stat.gov.mk 
  




© Државен завод за статистика