Веб-страницата www.stat.gov.mk користи колачиња кои се потребни за целосна функционалност на страницата. Со Вашето присуство на нашата веб-страница се подразбира дека се согласувате за користењето на овие колачиња. За повеќе детали прочитајте ја
Политиката за колачиња.
Соопштението е од областа:
Деловни тенденции
Деловни тенденции во преработувачката индустрија, април 2020 година
петок, 15 мај 2020
Според оценката на раководителите на деловните субјекти, индикаторот на доверба во преработувачката индустрија во април 2020 година е зголемен за 1.0 процентен поен во однос на март 2020 година и изнесува 16.0, а во однос на април 2019 година е намален за за 4.8 процентни поени.
Состојбата на обезбеденоста на производството со порачки во април 2020, во однос на март 2020 година, е поповолна, очекувањата за обемот на производството во наредните три месеци се поповолни во однос на претходниот месец, а залихите на готовите производи се зголемени.
Оценката за економската состојба на деловните субјекти во април 2020 година е понеповолна во однос на претходниот месец, а понеповолна и во однос на април 2019 година. Се очекува бројот на вработените да се намали.
Просечното искористување на капацитетите на деловните субјекти во април 2020 година изнесува 67.0 % од нормалното искористување.
Најголемо влијание врз ограничувањето на обемот на производството имаат следните фактори: недоволната странска побарувачка со 18.8 %, недостигот на квалификувана работна сила со 18.3 %, неизвесното економско опкружување со 15.9 % и недоволната домашна побарувачка со 12.9 %.
Преземи го соопштението во целост
Податоците во објавеното соопштение се бесплатни. При користење, ве молиме наведете го изворот.
За подетални информации јавете на:
контакт тел:
+ 389 2 3295 666
е-пошта:
press@stat.gov.mk
|
© Државен завод за статистика